Томас Санчез е роден во 1948 година во Агуада де Пасахерос, Куба. Тој е еден од најпознатите и најплатените кубански уметници. Студиите како сликар ги започнал во 1964 година на Факултетот за уметност „Сан Алехандро“ во Хавана, а подоцна и на Националниот институт за уметност.rnrn
rnrnВо 1980 година ја добил наградата Хуан Миро која ја доделува фондацијата Миро, а во 1984 година ја добил наградата Амелија Пелаез за делото со кое учествувал на првото биенале во Хавана. Во 1985 година била организирана неговата прва ретроспективна изложба во Националниот музеј за ликовни уметности во Хавана. Во 1989 година ја напуштил Куба за да живее во Мексико. Моментално живее во Костарика и Мексико.rnrn
rnrnНеговите дела се резултат на визиите и искуствата од секојдневното вежбање медитација.rnrn
rn
За неговите дела Габриел Гарсија Маркез напишал: „Никој не може да избега од магијата на Томас Санчез – колку повеќе ги запознаваме неговите дела толку повеќе ги засакуваме и стануваме сè сигурни дека ако светот заслужува да биде одново изграден, тоа е бидејќи личи на неговите слики.“
rn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnОткако ги погледнавте делата на Томас Санчез, можеби ќе сакате да ги погледнете и магичните пастелни пејзажи оживеани во природата.rnrnИзвор: designyoutrust.com