КАФЕ ПАУЗА

Неверојатни гифови ја заменуваат модата со чудата на природата

Истражувајќи го концептот на универзумот, динамичното дуо Ајла Ел-Муса и Лукас Игхајл ни претставуваат една неверојатна колекција гифови насловена „Deep Discovery“ (Длабоко откривање). Новите слики се уште еден додаток на нивната серија на визуелна филозофија организирана и остварена под името на компанијата „25th Century“.rnrnНеверојатни гифови ја заменуваат модата со чудата на природатаrnrn„Deep Discovery“ танцува низ линиите на самосвесноста, нудејќи флуидни комбинации помеѓу жената и природата кои ги откриваат нашите универзални сличности на молекуларно ниво.rnrnНеверојатни гифови ја заменуваат модата со чудата на природатаrn

„Овој проект започна со еден обичен цитат од големиот Брус Ли: ‘Бидете без форма, без облик, како водата.’ Оттука, нашиот проект прерасна во нешто многу поголемо отколку што замисливме, нова форма на уметничка филозофија која посакуваме да ја споделиме со светот“, вели Ајла.

rnНеверојатни гифови ја заменуваат модата со чудата на природатаrnrnАјла и Лукас ја основале компанијата „25th Century“ во 2009-тата година за да можат да изложуваат разни уметнички дела, но платформата постепено еволуирала во место каде денес ексклузивно ги претставуваат своите фотографии, филмови и музика.rnrnНеверојатни гифови ја заменуваат модата со чудата на природатаrnrnБркајќи ја визијата на иднината, парот во нивните дела сака да ги прослави моментите на себеоктривањето и човечкото изразување.rnrnНеверојатни гифови ја заменуваат модата со чудата на природатаrnrnУбавината на нивните прекрасни визуелни креации е тоа што и покрај нивната унифицирана, еднородна тема, тие се отворени за понатамошна разработка, лична интерпретација и конекции.rnrnНеверојатни гифови ја заменуваат модата со чудата на природатаrnrnДури и во недостаток на приказна, анимираните фотографии од „Deep Discovery“ стојат моќно сами и на свој начин. Со чувство на магичност, како движечките портрети во Хари Потер, оваа серија претставува прекрасно испитување на силата која се наоѓа во нас.rnrnНеверојатни гифови ја заменуваат модата со чудата на природата