Се ближи есента, а со тоа доаѓаат и ладните вечери што сигурно сакате да ги поминете на каучот со читање добра книга или гледање на вашата омилена тв-серија. А, удобниот кауч е составен дел од овие планови.rnrn
rnrnВнимателно избраниот кауч може да го трансформира изгледот на целата дневна соба. Во последно време, кадифените каучи што зрачат со софистицираност и елеганција стануваат сè повеќе популарни. Кадифената ткаенина е мека и мазна на допир, но исто така претставува дополнителен извор на топлина.rnrnПорано, овој мебел можеше да се најде само во аристократските куќи, но денес е неизбежен дел од модерните домови.rnrnДенес можете да најдете каучи во прекрасна палета на бои, од нежни розови нијанси до темнозелени што ќе одговараат на сечиј вкус.rnrnПогледнете ги фотографиите во продолжение за да добиете инспирација како да ја уредите вашата дневна соба, во која ќе доминира кадифениот кауч.rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnПогледнете како да внесете свежина во домот со помош на пастелни бои.
Доаѓа есен: 10 кадифени каучи што се идеални за вовлекување под ќебе
