КАФЕ ПАУЗА

Некои од најдобрите патувачки фотографии за овогодишниот натпревар на National Geographic

Некои од најдобрите фотографии за натпреварот на National Geographic за патувачки фотографии

Патувачките фотографии привлекуваат големо внимание, а почнати се и пријавувањата за натпреварот на National Geographic за оваа година. Фотографи од целиот свет ја раскажуваат својата приказна и ги инспирираат другите да го истражат светот. Победникот ќе добие парична награда од 8.000 евра. Фотографите можат да се пријават до 31-ви мај оваа година и нема ограничување за број на фотографии.rn

„Рана земја“ од Кинг Хо Ентони Танг

rnНекои од најдобрите фотографии за натпреварот на National Geographic за патувачки фотографииrn

„Пристигнав на гејзерите Сол де Мањана рано наутро. Светлото беше совршено за време на изгрејсонцето. Гледајќи во калта што врие се почувствував како да сум назад во времето пред милијарди години. Бев импресиониран од неверојатниот пејзаж, текстурата на почвата и атмосферата. Драго ми е што можам да го споделам овој момент со вас.“

rn

„Силуета на носорог“ од Каи Чуин Сим

rnНекои од најдобрите фотографии за натпреварот на National Geographic за патувачки фотографииrn

„Излегов рано од кампот на националниот парк Масаи Мара кога го здогледав носорогот. Светлината од сонцето беше премногу силна, па фотографирав силуета.

rn

„Тамам“ од Матиа Пасарини

rnНекои од најдобрите фотографии за натпреварот на National Geographic за патувачки фотографииrn

„Племето Мундари е од Јужен Судан и го нема променето начинот на живеење со векови. Тие се сточари и го пренесуваат својот добиток покрај реката во сушната сезона, и назад до постојаното живеалиште во шумата кога има дождови.“

rn

„Моја камила, мој штит“ од Саби Сг

rnНекои од најдобрите фотографии за натпреварот на National Geographic за патувачки фотографииrn

„Ова е фотографирано во Раџастан на саемот за камили кој се одржува секој година. Саемот привлекува многу туристи од целиот свет и е еден од најголемите во светот.“

rnПродолжува на следната страница…rnrn