Истанбул е еден од најубавите и волшебни градови во светот, каде милиони луѓе си ги живеат своите секојдневни животи. Тој е неверојатна мешавина на култури со многу фин и гостопримлив народ. Една од неговите главни обележја е тоа што овде е тешко да се направи разлика меѓу класите во општеството. Тоа е град каде сите се сиромашни и сите се богати.rnrn
rnrnИстанбул, како и некои други градови во Турција, се единствените во светот каде има улични работници, кои успеваат да заработат на самите работни места. Постојат чистачи на чевли, продавачи на храна и пијалаци, на весници, разни занаетчии и многу други кои му даваат посебна магија на овој град. Всушност, немаме ни потреба да влегуваме во некој поголем маркет или продавница бидејќи скоро сè може да се купи од улиците. Важно е да се забележи дека жителите на Истанбул се народ на чајот, бидејќи го консумираат често како дел од нивната традиција.rnrn
rnrnДенис Зилиото е италијански фотограф кој патувајќи низ светот стигнал до овој град на измешани култури и традиции. Овие прекрасни фотографии се доказ за посебниот дух кој го нуди Истанбул, а меѓу другото, прикажуваат лица на некои обични луѓе, кои се улични работници или мали бизнисмени. Уживајте!rnrn







rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
