Потсетете се колку бевте расположени кога го украсувавте вашиот дом пред новогодишните празници. Истиот случај е со пролетното уредување на домот. Бидејќи сè уште поголемиот дел од времето го поминуваме во затворени простории, преуредувањето на просторот во кој живееме и исполнувањето со светли бои може значително да го подобри расположението. Ако барате посветла, посвежа и поенергична 2021 година, овие бои треба да го најдат своето место во вашиот дом оваа пролет.rn
Темна ментол боја
rn
rnrnИзборот на пролетни бои може да биде голем предизвик ако не сакате вашиот дом да изгледа премногу шарено. Една боја со која не можете да погрешите е зелената, во овој случај темната ментол боја. Може да се вклопи во секој дом, особено ако доминираат неутралните бои.rn
Меки розови нијанси
rn
rnrnАко низ вашиот дом се шири палета на неутрални тонови, а вие не сте голем љубител на светлите и живописни пролетни нијанси, нежните и меки нијанси на розова боја и боја на јоргован би можеле да бидат вистинскиот избор за вас. Нежните розови тонови можат да ги заменат сивите, беж и кремовите нијанси кои владееја во текот на зимата.rn
Теракота боја
rn
rnrnПортокаловата, односно теракота бојата можеби не се наоѓа на списокот на бои што обично ги земате предвид при уредување на ентериерот, но е идеална за пролетен декор. Портокаловата боја ќе ве извлече од удобната зона и ќе ве внесе во ново царство на бои. Оваа боја изгледа богато и ќе го „разбуди“ вашиот ентериер.rn
Небесно сина боја
rn
rnrnАко сакате бои што внесуваат свежина и потсетуваат на море, небесно сината е најдобриот избор. Во комбинација со мебел од дрво, оваа боја навистина ќе внесе позитивни вибрации во вашиот дом. Можете да ја искористите на ѕидот, завесите, тепихот или декоративните перници.rn
Сончева жолта боја
rn
rnrnБез жолтата боја нема чувство на пролет во просторот. Многубројните нијанси на оваа боја ви даваат можност да го направите вашиот дом уникатен. Ако не сакате премногу интензивни жолти тонови, сончево жолтата боја може да биде вашиот совршен избор. Не можете да погрешите со постелнината во оваа нијанса.rnrnПогледнете ги овие куќи за миленичиња што се вклопуваат во модерниот ентериер.