Даргавс во Северна Осетија-Аланија на прв поглед изгледа како многу идилично место. Во предградието на ова руско село, сместено покрај реката Гизелдон, доминираат интересно обликувани камени куќи изградени од 14 до 16 век.rnrn
rnrnЕдно истражување открива дека станува збор за некрополи во кои биле погребани нивните жители заедно со облеката и сите други работи што ги поседувале. Стотици гробници биле изградени во препознатливиот нахски стил – некои од само една просторија, а други на четири ката.rnrnТоа е морничаво место за кое се раскажуваат многу легенди. Некогаш се верувало дека никој нема да излезе жив од Даргавс. Историчарите претпоставуваат дека за оваа приказна е виновна чумата, која го опустошила ова место во 18 век. Локалното население ги возело болните жители до камените куќи на ридот од каде што не смееле да заминуваат сè додека не умрат. Затоа денес Даргавс се нарекува град на мртвите.rnrnСтарите монети и денес можат да се најдат меѓу гробниците. Семејствата ги фрлале од ридот во бунарот и се надевале дека ќе удрат во камени плочи што значело дека душата на починатиот член завршила во рајот.rnrnДенес, ретко кој сака да го посети Даргавс. Но, ова не е вина на суеверието и локалните приказни, туку фактот дека селото се наоѓа на многу изолирано место. Од Владикавказ, односно главниот град на Северна Осетија-Аланија, потребно е еден час до ова место по неасфалтиран пат, кој ги одбива дури и најголемите авантуристи.rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnПрочитајте за ова место во Индија кое изненадува со своето шаренило, но и со една необична приказна.
Морничав град полн со стари монети од кој никој не смеел да излезе
