Изборите кои ги правиме често нè дефинираат, но тоа не мора да е секогаш толку сериозно како што звучи.rnrn
rnrnУметничкиот директор од Лисабон, Португалија, Јоао Роча креирал забавен блог на Тамблр кој го именувал „2 видови луѓе“, каде што објавува илустрации на кои се претставени некои од нашите секојдневни навики, желби и одлуки. Подредувајќи ги различните навики на луѓето едни покрај други, тој создава 2 категории луѓе, овозможувајќи ни на сите да се пронајдеме во нив.rn
„Постојат само 2 типови луѓе на овој свет, оние кои го сметаат овој блог за смешен и оние кои немаат смисла за хумор“, шеговито пишува Роча на својот блог.
rnТој исто така додава дека без разлика кои сте и колку сте различни од другите, секогаш ќе имате нешто заедничко дури и со оние кои ги доживувате како потполна спротивност од вас.rnrnПогледнете ја галеријата и кажете ни дали сте тип А или тип Б.rnrn















