КАФЕ ПАУЗА

Кои површини не треба да ги чистите со алкохолен оцет?

Кои површини не треба да ги чистите со акохолен оцет?

лВо многу домаќинства, алкохолниот оцет се користи како средство за чистење и отстранување разни видови дамки, избелување светли алишта, отстранување мрснотии и чистење разни површини. Сепак, треба да имате предвид дека оцетот е кисел и може да оштети некои материјали и површини.rnrnКои површини не треба да ги чистите со акохолен оцет?rnrnЕве за што не треба да го користите:rn

1. Дамки од јајца

rnМожеби звучи чудно, но оцетот е последното нешто со кое треба да ги третирате дамките од јајца, бидејќи киселината може да започне процес на коагулација на јајцата: премин од течна во цврста состојба, што сериозно ќе ја комплицира вашата работа.rnrnНаместо да ставате оцет, извадете ги цврстите остатоци од површината со нож или лажица. Истурете две лажици детергент за миење садови во две чаши топла вода и избришете ја лигавата трага од јајцата со крпа или со меката страна на сунѓер; нежно тапкајте додека дамката не исчезне.rn

2. Подови од цврсто дрво

rnИако некои мислат дека оцетот не треба да остава трага на дрвото, многумина велат дека разредениот оцет не треба да се користи за чистење дрвени подови, бидејќи киселината може да ја нагризе површината. Затоа, избришете го подот со влажна (не многу водена) крпа и со средство за чистење дрво.rn

3. Пегла

rnМожеби сте во искушение да ги исчистите со оцет дното на пеглата и малите дупки, но следете ги упатствата на производителот за да ја исчистите пеглата правилно.rn

4. Камени и керамички плочки

rnОцетот и лимонот може да ги оштетат сите видови камени и керамички површини, затоа треба да се избегнуваат, а наместо овие кисели средства, користете детергент наменет за чистење на вакви материјали.rn

5. Тврдокорни дамки

rnОцетот веројатно нема да ги исчисти дамки што се отстрануваат тешко, како што се дамки од мастило, трева или вино. Можеби ќе ви треба нешто повеќе од раствор за чистење со оцет.rn

6. Мермер и гранит

rnОцетот може да ги уништи и да ги нагризе мермерот и гранитот, па дури и да ја отстрани бојата од нивната мазна површина. За чистење на површините од мермер и гранит користете детергент за миење садови разреден во топла вода.rnrnПогледнете како да ги исчистите загорените садови без многу триење, со одличен додаток.