КАФЕ ПАУЗА

Како да го уредите домот во тиркизна боја за свеж и модерен ентериер?

Како да го уредите домот во тиркизна боја за свеж и модерен ентериер?

Тиркизната боја означува мир, спокојство и стабилност. Ако се всели во вашиот дом, таа ќе ја поттикне комуникацијата и ќе создаде емоционална рамнотежа. Во палетата бои, тиркизната е помеѓу сината и зелената и затоа ве потсетува на лето. Ако сакате да го направите вашиот дом место каде што ќе владеат морето и свежината, овие идеи ќе ви помогнат во тоа и не се закана за семејниот буџет.rnrnКако да го уредите домот во тиркизна боја за свеж и модерен ентериер?rn

Дневна соба и кујна во аквамарин тон

rnПросториите во кои има мебел или детали во тиркизна боја изгледаат волшебно. Деталите во тиркизна боја во комбинација со црвена, беж или зелена може да го постигнат посакуваниот пресврт во просторот. Тоа може да биде фотелја, ламба, перничиња за софа, ѕид во оваа боја, тепих или кој било друг сегмент во духот на летото.rnrnКако да го уредите домот во тиркизна боја за свеж и модерен ентериер?rn

Бања што ќе ве расони

rnАко сакате да ја освежите старата бања со едноставни детали, цветната вазна на мијалникот, крпите, килимот или туш-завесите може совршено да одговараат на најчестите бои на бањата – сива, сина, бела, портокалова или нежна розова боја. Тиркизните плочки во комбинација со белата санитарија изгледаат многу свежо и енергично.rnrnКако да го уредите домот во тиркизна боја за свеж и модерен ентериер?rn

Нежна рамнотежа во спалната соба

rnЗбогатувањето на просторот со оваа боја и уживањето во неговата едноставност е најефикасно во личната интимна зона. Променете ги завесите, обоете ги малите фиоки или купете постелнина и перници во тиркизна боја. Оваа боја го зголемува нивото на креативност и чувствителност и се комбинира со бела, портокалова, розова и црна боја.rnrnКако да го уредите домот во тиркизна боја за свеж и модерен ентериер?rn

Мали детали во тиркизна боја

rnНавистина не се потребни многу напори за хармонично чувство на лето и море. Некои од идеите што можете да ги искористите се тиркизни свеќници, лустер, фотелја или некое друго парче мебел во тиркизна боја.rnrnКако да го уредите домот во тиркизна боја за свеж и модерен ентериер?rnrnКако да го уредите домот во тиркизна боја за свеж и модерен ентериер?rnrnПогледнете како да ги освежите полиците за книги во вашиот дом.