Познатиот режисер Стивен Спилберг неодамна бил забележан како плови со неговата нова мегајахта „Seven Seas“ (Седум мориња). Јахтата долга 86 метри, чини 200 милиони американски долари и е опремена со секакви луксузи.
Изградена е од холандската фирма „Oceanco“ според спецификациите порачани од Стивен. Опремена е со софистициран ентериер изработен од ореово, тиково и розово дрво. Најимпресивен елемент е бесконечниот базен, кој завршува со стакло-ѕид од 4,5 метра. Овој елемент служи и како кино-екран, за да можат Стивен и неговите гости да уживаат во добар филм додека се на јахтата.rn
„Седум мориња“ може да обезбеди луксузно сместување за 12 гости, има 26 кревети за бродскиот екипаж, како и приватна, господска кабина за сопственикот, центрирана на палубата, која вклучува работно студио и џакузи. Исто така, на неа има место предвидено за слетување на хеликоптер, целосно опремена фискултурна сала, спа-соба и соба за масажи и уште едно затворено кино.

Јахтата на Стивен Спилберг од 200 милиони долари
