Канадскиот фотограф Патрис Ларош не можел да остане мирен во деветте месеци исчекување на неговото прво дете. Во таа еуфорија му проработеле креативноста и смислата за хумор, чиј заеднички резултат е оваа неверојатно оригинална и интересна серија фотографии која наликува на водич за правење деца. Патрис ја фотографирал неговата сопруга Сандра Денис во еден ист кадар во текот на нејзината бременост, така што хронологијата на сликите ги следи промените на нејзиното тело, а на крај сфаќаме и како се раѓаат бебињата.rnrnСо вака документирана бременост, на овие двајца родители нема да им биде тешко да ѝ објаснат на малата Жистин како доаѓаат бебињата на овој свет.





rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
