Замислете да почнете да лупите краставица, но под лушпата да ви се појави банана? Или пак да загризете од модриот патлиџан и да ви се растече живо јајце низ устата? Да, овие хиперреалистично маскирани продукти изгледаат толку реално што можат да ве излажат да посегнете по нив, но да вкусите нешто сосема друго.rnrn
rnrnТалентираната 19-годишна јапонска артистка Хикару Чо е креаторка на овие лажно насликани продукти кои се нешто сосема друго. rnrnНејзината работа е забавна и прецизна. Таа користи акрилни бои за да создаде убедливо чувство дека бананата е краставица, портокалот – домат, а јајцето – модар патлиџан. Уште поинтересно е што таа ги сече, крши и лупи маскираните продукти за да можеме да видиме за што всушност се работи под површината на она во што на прв поглед сме убедени дека го гледаме.rnrn


rn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.