Што ќе се случи кога архитектот ќе одлучи да ја промени својата професија, односно да заплива во немирните води на слаткарството? Ние не знаеме, но 27-годишната Динара Каско знае. Украинската слаткарка од Харков е господарка во комбинирањето на слатки со геометриски фигури и архитектонски проекти. Од моментот кога таа се впуштила во слаткарските води, одлучила на овој занает да му даде нешто ново и досега невидено. Сфатила дека изгледот е подеднакво важен како и вкусот, па секој ден за неа претставува нова прилика за експеримент, бидејќи слатките и станале најголем интерес и страст.rnrn
rnrnСо искуството во архитектонски дизајн, Динара предизвикала голем интерес во слаткарската заедница поради своите неверојатно уникатни и иновативни геометриски торти, за кои користи силиконски калапи кои самата ги дизајнирала и креирала. Таа кон десертите се однесува како тие да се згради, па така создава уникатни структури кои се јадат со тешко срце.rn
„Имам многу нереализирани идеи и голема желба да експериментирам. Не сакам да ги имитирам другите – сакам да создадам нешто ново“ – изјавила Каско за So Good Magazine.
rnНас нè интересира само едно – како воопшто некогаш би можеле да го загриземе ова слатко ремек-дело?rnrn

rnrnНа следната страна ќе можете да ги погледнете останатите слатки ремек-дела…rn
