Дизајнерката Катерина Кампрани од Атина ќе ви предизвика голем стрес и нервоза со нејзината колекција на секојдневни предмети изработени специјално за да ги нервираат луѓето. Колекцијата се нарекува „Неудобното“ (The Uncomfortable). Вистинско изненадување, зар не?!rnrn
rnrn
rnrnДизајните се исто толку елегантни колку што се и бескорисни. Самото гледање во нив ќе направи да се чувствувате напнато! Би сакале да имате бетониран чадор?rnrn
rnrnЦелта на овој проект е да се наруши практичноста на секојдневните предмети и да се промени нивниот изглед доволно за да ги направи комплетно апсурдни. Катерина објаснила на нејзиниот веб-сајт дека преку нејзините дела сака да им помогне на луѓето да ја ценат комплексноста и длабочината на употребата на наједноставните предмети. Исто така, нејзината цел е да ги насмее фановите и мора да признаеме дека ѝ успева и покрај тоа што постоењето на чаша за вино од која не можете да пиете е повеќе трагично одошто смешно.rnrn
rnrnКатерина ја почнала нејзината колекција во 2011 година откако решила да не ги заврши нејзините студии по индустриски дизајн. Таа немала доволно финансии за да создаде вистински модели од нејзините необични идеи, па наместо тоа направила нивни 3Д верзии со цел да привлече публика и да ја пренесе нејзината порака.rnrn
rnrn
rnrnПродолжува на следната страница…rnrn
Досетлива дизајнерка ги создава најстресните верзии од предметите што секојдневно ги користиме
