Вештачкото езеро Абрахам кое се наоѓа во западна Алберта, Канада, било создадено во 1972 година, со конструкција на брана на реката Саскачеван. Ова езеро е дом на еден редок феномен т.н. „замрзнати меури“, кој го направи езерото популарно меѓу туристите и фотографите.rnrn
rnrnРастенијата кои се наоѓаат на дното од езерското корито го испуштаат гасот метан, којшто се замрзнува веднаш кога ќе дојде во допир со многу постудена водена површина и меурите постепено сѐ повеќе се размножуваат, како што времето станува сѐ постудено, во текот на зимската сезона.rnrn
rnrnОние кои биле покрај ова езеро, велат дека нема да ве остави рамнодушни, бидејќи тоа не е покриено со снег како другите замрзнати езера. Под дебелата замрзната „стаклена“ површина ќе можете да ги видите сите пукнатини, ќе го видите темното езерско дно и ќе ги чуете длабоките подводни звуци на кршење и пукање на мразот кои доаѓаат одоздола. Чувството да се гази врз ова езеро во зимскиот период, мора да е навистина незаборавно, нели?! 🙂 rnrn








rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
