Артистот Робин Вајт со помош на челик кој не ‘рѓосува создава неверојатни драматични скулптури од самовили со крилја кои танцуваат на ветрот. Нивните форми кои маѓепсуваат, со најразлични големини, додека заземаат динамични пози, искривувајќи го своето тело и посегнувајќи кон глуварчињата кои лебдат, изгледаат како да имаат сопствен живот.rnrn
rnrnЗа да ги конструира овие надреални скулптури, Вајт прво гради цврст скелет од жиците од челик. Потоа со различни слоеви од жиците додава мускули, екстремитети и кожа, замотувајќи ги околу скелетот сѐ додека не формираат густа форма која наликува на живо суштество. Во внатрешноста на сите фигури може да се забележи камено срце, понекогаш изгравирано со пораки кои ги прават сите овие фигури уникатни и персонализирани.rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.












