Јапонскиот артист Шинрашинг прави неверојатна уметност од пепелта на цигарите. Тој создава различни портрети, претворајќи го токсичниот пепел во нешто убаво. На овој 22-годишен артист потребни му се околу 2 часа да создаде портрет од цртаните ликови како Пикачу од Покемон и околу 2 дена да создаде портрет од личностите како Стив Џобс. Пушењето е екстремно штетна навика за вашето здравје, па токму затоа и овој артист рекол дека ќе се откаже од цигарите. Во меѓувреме, погледнете дел од неговата одлична и уникатна уметност.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

