КАФЕ ПАУЗА

Неверојатниот одговор на Анџелина Џоли за стареењето

Неверојатниот одговор на Анџелина Џоли за стареењето

Анџелина Џоли е една од најпознатите личности во светот. Многу луѓе дури сметаат дека таа е можеби најубавата жена на Земјата. Сигурно многумина би дале неколку години од својот живот за да изгледаат како 42-годишната актерка и активистка кога ќе бидат колку неа.rnrnНеверојатниот одговор на Анџелина Џоли за стареењетоrnrnНо, според Анџелина, стареењето не е нешто за коешто треба да бидеме загрижени. Во едно интервју ја прашале што мисли за стареењето и таа понудила навистина инспиративен одговор.rn

„Гледам во огледалото и забележувам дека изгледам како мојата мајка, а тоа ме топли. Исто така забележувам дека стареам и го сакам тоа, бидејќи тоа значи дека сум жива – живеам и стареам.“

rnНеверојатниот одговор на Анџелина Џоли за стареењетоrnrnСигурно ќе си помислите дека го вели тоа бидејќи изгледа како… па, Анџелина Џоли. Но, таа нагласила дека ги забележува нејзините недостатоци и дека физичкиот изглед не ѝ е толку важен.rn

„Се разбира, не сакам што имам некои темни дамки од бременоста. Ги гледам своите недостатоци. Но она што го гледам и што го сакам нема врска со структура или изглед. Тоа е повеќе што го гледам моето семејство во моето лице. Ја гледам мојата возраст.“

rnНеверојатниот одговор на Анџелина Џоли за стареењетоrnrnАнџелина ја дефинира убавината според тоа како некој се разликува себеси од другите. Таа додала:rn

„Луѓето кои се убави според мене не се оние кои се покоруваат на туѓото мислење за тоа што е убаво или правилно. Секогаш сум сакала луѓе кои се уникатни, различни и едноставно свои. Малку ме растажува кога ќе видам дека некој не може да живее во својата кожа и не се чувствува удобно во неа. Постојат многу работи во човештвото кои прават луѓето да се чувствуваат вака.“

rnПрочитајте ги и овие инспиративни цитати што ќе ви ја откријат светлата страна на стареењето.