Моментот кога пристигнуваат месечните сметки за струја веројатно ви се крева косата, особено во зимските месеци. За среќа, благодарение на примената на овие неколку едноставни трикови, сумата на сметките можете значително да ја намалите.rnrn
rn
Изберете го вистинскиот сад за готвење
rnМеталните садови брзо се загреваат, но и брзо се ладат. Затоа пак керамичките садови одлично ја задржуваат топлината, па на овој начин можете да го скратите времето потребно за подготовка на готвената храна.rn
Добро исчистете ги пеглата и рерната
rnКога се валкани, овие уреди работат помалку ефикасно, па затоа грижете се секогаш да бидат чисти. Нечистотијата на пеглата лесно можете да ја отстраните со паста за заби, а кога ја чистите рерната обрнете особено внимание на вратичката на рерната.rn
Одмрзнете го замрзнувачот
rnШто повеќе мраз во замрзнувачот, толку повеќе енергија ќе му биде потребна за да ја постигне соодветната температура. Кога ќе забележите дека се направило многу мраз, веднаш одмрзнете го фрижидерот.rn
Одржувајте ги радијаторите
rnСе работи за испуштање на вишокот воздух со цел радијаторите да можат да греат до максимум. За ова ви треба посебен клуч или шрафцигер.rn
Наполнете го фрижидерот со шишиња вода
rnНе отворајте го често фрижидерот бидејќи така влегува топол воздух во него. Но, ако фрижидерот е полн, на ладниот воздух ќе му треба повеќе време за да избега, па ако немате многу намирници, во него чувајте шишиња со вода.