Дали некогаш сте влегле во простор каде што, веднаш штом стапнавте во него, се чувствувавте пријатно, заштитено, среќно и инспирирано? Голема е веројатноста тој простор да бил уреден во топли бои. Кога сте опкружени со топли бои, во просторот се создава чувство на позитивна енергија, удобност, страст, интимност.rnrn
rnrnЗа топли бои се сметаат сите нијанси на црвена, жолта и портокалова, а тука спаѓаат и бојата на праска и нијансите на розова и златна боја, така што можете да ги комбинирате овие бои при уредувањето на вашиот дом.rn
Како да го уредите просторот во топли бои?
rnКлучот е во комбинирањето на топли и ладни бои, во умереноста, но и во креативноста.rn
1. Бели или темни ѕидови?
rn
rnrnКога луѓето ќе одлучат да внесат бои како црвена или жолта боја во просторот за живеење, тие често мислат дека сè друго мора да биде совршено бело. Но, ѕидовите може да бидат во темни бои како сива или во ладни тонови како тиркизна. Токму оваа комбинација на бои постигнува контраст што дава одредена доза на „скапост“.rn
2. Користете теписи
rn
rnrnЕден од наједноставните начини да се трансформира просторијата и да ѝ се даде чувство на топлина е да додадете тепих. Ова е местото каде што топлите бои можат да дојдат до израз. За да може килимот да се вклопи во целокупниот простор, барем една од боите на тепихот треба да одговара на деталите, како што се декоративните перници или уметничките дела на ѕидот.rn
3. Поиграјте со ткаенините
rn
rnrnДекоративните перници се наједноставниот и најевтиниот начин да внесете топли бои во домот. Топлите бои можете да ги истакнете и преку постелнината, завесите или преку лесно поставените ќебиња на софата во дневната соба.rn
4. Внесете уметност
rn
rnrnДоколку не сакате да инвестирате во украсни предмети како перници, фигури или вазни во топли бои, тогаш идеално решение се сликите. Еден ѕид исполнет со слики ќе создаде впечаток на галерија и на тој начин ќе ја искажете вашата креативност.rnrn
rnrnКога станува збор за уметноста, тоа не мора да значи скапи уметнички дела. Можете да ги закачите цртежите на вашите деца, илустрациите од некои патувања или вашите сопствени обиди за сликање.rn
5. Внесете елементи од природно дрво
rnБојата на природното дрво совршено се вклопува во топлите тонови. Таа може веднаш да преобрази просторот и да му даде чувство на удобност, а дрвениот под или дрвениот мебел во кафени тонови се идеални за да го постигнете тоа.rnrn
rnrnБез разлика дали станува збор за масичка во дневната соба, за биро или за целата кујна, дрвото е лесно за одржување, трае со години и дава чувство на поврзаност со природата.rnrn
rnrnПогледнете ги овие 20 идеи за внатрешна трансформација на домот без да потрошите многу пари.