Ако се грижите за вашето тело, многу брзо ќе се чувствувате подобро. Вежбањето и здравата исхрана веднаш даваат резултати и им помагаат на телото и умот да се справат со многу проблеми, вклучувајќи ги и анксиозноста и депресијата. Покрај грижата за телото и физичката активност, постојат и други начини на кои можете да го подобрите вашето ментално здравје и да си го направите животот полесен.
rn
1. Прифатете ги вашите емоции
rnНекои сметаат дека повеќето физички и ментални проблеми потекнуваат од неспособноста правилно да ги доживееме емоциите. Кога сме тажни, бесни или исплашени ние тоа го негираме, го рационализираме, го криеме со лекови и алкохол, спиеме… Некои луѓе трошат повеќе енергија обидувајќи се да ги избегнат емоциите отколку да се справат со нив. Поради ова важно е да ги чувствувате вашите емоции. Дури кога ќе го спуштите вашиот ѕид подобро ќе разберете зошто сте повредени и што сакате да направите во врска со тоа.rn
2. Ризикувајте секој ден
rnСтруктурата и рутината се важни, но во нив лесно можете да заглавите. Ова значи дека ќе нема никаков напредок. Затоа е добро и корисно да преземате одредени ризици. Поставете си предизвик секој ден да преземете некој ризик, без разлика дали е тоа разговор со странец, искажување на некое ваше мислење или што било што ќе ве натера да излезете од удобната зона.rn
3. Живејте во сегашноста
rnМенталното здравје страда кога сте опседнати со она што се случило или со она што ви го направиле другите. Важно е да преземете одговорност за она што го правите и создавате денес. Живејте во сегашноста без премногу да размислувате за иднината или за минатото.rn
4. Бидете интроспективни
rnИзбегнувајте да лутате низ животот без да се процените самите. Одвреме-навреме поставувајте си прашања како: Избегнувам ли да прифатам нешто и пружам ли отпор за што било во мојот живот? Исто така важно е да размислите од каде потекнуваат вашите мисли, чувства и однесувања.rn
5. Смејте се
rnПонекогаш се однесуваме премногу сериозно во врска со животот. Во ова ќе ве увери фактот дека децата се смеат 200 пати дневно, додека возрасните само 15. Правете што било што ќе ве насмее, од гледање комедии до играње забавни игри.rn
6. Дефинирајте ги вашите вредности и живејте според нив
rnВашите вредности ви се како внатрешен водич низ животот, ви помагаат да донесете правилни одлуки и да се држите до правиот пат. Ако ги знаете вашите вредности и живеете според нив, ќе чувствувате рамнотежа и исполнетост.rn
7. Утврдете ја вашата индивидуална сила и искористете ја
rnОва ќе ви помогне да се чувствувате способно и полно со енергија.rn
8. Следете ги вашите мисли
rnМоже да се случи да западнете во бескраен циклус од негативни мисли кои ве обземаат, а воопшто да не бидете свесни за тоа. Овие мисли го влошуваат вашето расположение, а со текот на времето ќе почнете и да верувате во нив. За среќа, можете да ги контролирате овие мисли и да сфатите дека се погрешни и подложни на промена.rn
9. Покажете благодарност
rnКога ќе почнете да се заблагодарувате ќе ви се промени целокупниот поглед кон животот. Секое утро размислете за 3 нешта за коишто сте благодарни. Наведете и барем 10 причини зошто сте благодарни за вашето работно место. Ова ќе ви помогне да се чувствувате подобро во врска со вашата работа.rn
10. Откријте ја вашата страст
rnРазмислете за вашите страсти. Имало ли нешто што сте сакале да го правите, но сте престанале? Дајте му втора шанса. Ако сè уште не знаете што е она што го сакате, пробувајте разни хобија дури да се одлучите.rn
11. Правете го она што ве прави среќни
rnПонекогаш сигурно се чувствувате како сите денови да ви се исти, а тоа може да стане заморно и депресивно. Почнете го секој ден правејќи нешто што го сакате и што ве прави среќни.rn
12. Ослободете се од лошите нешта
rnОбично постои барем едно нешто во вашиот живот што само ви создава проблеми. Откријте кој или што е ова нешто и отстранете го од вашиот живот. Можеби ви изгледа безначајно, но и најмалата нервоза може да го влоши вашето расположение.rn
13. Опкружете се со позитивни миризби и звуци
rnНашето опкружување може да ни влијае на здравјето. Можете да предизвикате позитивни емоции со ароми како лимон и нане. Исто така пуштајте музика којашто ќе ви го подобри расположението.rn
14. Инспирирајте се
rnНаоѓајте инспирација во сè, од читање книги до читање весници.rn
15. Одвојте време за медитација
rnСекој ден одвојте барем неколку минути да седнете, да се релаксирате и да дишете. Многумина мислат дека медитацијата е комплицирана, но таа не бара многу време и труд, а може навистина да ви помогне.
Дознајте и која навика може да ви го смени животот на подобро.


