Неплодноста станува сè поизразен здравствен проблем, а на листата со причини можете да ги најдете цигарите, лошата исхрана, загадувањето, но и нешто што сигурно не очекувавте – сексот.rnrn
rnrnНа Европската уролошка конференција биле претставени резултати од истражување спроведено во Англија, што навистина ги изненадиле научниците. Истражувањето покажало дека генетското оштетување на спермата се случува по ејакулацијата, односно кога спермата се движи кон јајце клетката што треба да ја оплоди.rnrnНаучниците анализирале примероци од сперма од неплодни мажи и откриле дека таа е во подобра состојба додека се наоѓа во тестисите.rnrnВо истражувањето учествувале 63 неплодни мажи и 76 мажи чија сперма била здрава. Спермата на неплодните мажи била пооштетена по ејакулацијата, за разлика од спермата на плодните, што и не е изненадувачки. Она што ги зачудило научниците е тоа што кај ист маж, спермата била различна кога била во тестисите и после ејакулацијата. Односно, во вториот случај, спермата имала пооштетена ДНК. Мажот бил истиот, спермата била истата, единствената разлика бил оргазмот кој се случил во меѓувреме.rn
„Спермата во тестисите на некои неплодни мажи е со ист квалитет како и спермата по ејакулација на плодните мажи“, изјавил Џонатан Ремзи, уролог од Кралскиот колеџ во Лондон.
rnОстанува прашањето во кој момент настанува оштетувањето на спермата, односно што е она што ја уништува. Научниците веруваат дека проблемот е кислородот, односно оксидативниот стрес.rnrnПогледнете и кои се останатите најчести фактори што можат да предизвикаат неплодност.
