Оргазмот опушта разни мускули, го подига нивото на менталното здравје и ослободува од стрес. Студија спроведена во Белгија, покажала дека начинот на којшто жената оди, покажува дали е таа задоволна од нејзиниот сексуален живот.rnrn
rnrnПосле сексуалниот однос, луѓето се многу полетни. Жените кои редовно доживуваат вагинален оргазам ги нишаат колковите додека чекорат, покажало истражувањето. Овие жени се движат поживо, пофлексибилно, чекорот им е подолг и подобра им е подвижноста на карлицата.rnrn
„Дури и обичен набљудувач, може да воочи дека некоја жена имала вагинален оргазам, според тоа колку одот ѝ е енергичен, опуштен и слободен. Според тоа можете да заклучите колку е таа задоволна од нејзиниот сексуален живот“ – тврдат истражувачите од белгискиот универзитет.
rnИстражувањето опфатило здрави и сексуално активни жени, од кои половина во минатото доживувале честопати оргазми, а останатите жени доживувале ретко или скоро никогаш.rnrnСексолозите со 80-процентна прецизност погодувале кои жени повеќе пати биле задоволувани во кревет.rnrnРазликата во одот била забележана само кај жените кои доживеале вагинални, но не и клиторални оргазми.rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
