Цвеќињата ја разубавуваат секоја просторија во домот. Ако немате своја цветна градина или растенија и цвеќиња во саксии, можете да ги разубавите просториите во домот со мали трикови што им се достапни на сите.rnrn
rnrnВрамените цветни фотографии и тапетите со цветови може да бидат интересен декоративен детаљ што ќе ја трансформира просторијата, ќе ѝ даде топлина и ќе внесе допир на пролет во домот.rnrnОние кои се повешти можат сами да ги нацртаат или да ги насликаат своите омилени цвеќиња, да ги стават во рамка и да ги закачат на ѕидот во дневната соба, во кујната или дури и во бањата. Исто така, може да насликате дел од ѕидот, плакарот или некое друго парче мебел.rnrnСе разбира, можете да купите и слики од цвеќиња од професионални уметници или да ги фотографирате омилените пупки, да ги испечатите и да ги поставите на посакуваното место во домот.rnrnПостојат и ѕидни фото-тапети со цветен дезен, но и обичните лепливи тапети можат да се обликуваат во голем цвет и да се залепат на ѕидот во собата. Постојат и цветни завеси, постелнини, чаршафи и перници што може да бидат ефикасен додаток.rnrnПечатеното и насликаното цвеќе не венеат и ќе го разубавуваат вашиот дом онолку долго колку што сакате. Погледнете ги фотографиите во продолжение за да пронајдете инспирација.rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnЗа повеќе фотографии продолжете на следната страница…rnrn
15 трикови како да го разубавите вашиот дом со цвеќиња што не овенуваат
