КАФЕ ПАУЗА

Дали е здраво да се консумира сирење секој ден?

Дали е здраво да се консумира сирење секој ден?

Доколку ја читате оваа статија, најверојатно сте од оние кои не можат да ја замислат секојдневната исхрана без сирење. Но, дали е здраво да се јаде сирење секој ден?rnrnДали е здраво да се консумира сирење секој ден?rnrnНутриционистите го имаат одговорот. Според нив, одговорот на прашањето за секојдневното консумирање сирење е поврзано со три прашања:rn

    rn 011

  • Какво сирење јадете?
  • rn 011

  • Колку сирење јадете?
  • rn 011

  • Каква е вашата здравствена состојба?
  • rn

rnСекако, ако сте нетолерантни на лактоза, тогаш не треба да јадете многу сирење. Исто така, ако имате срцеви заболувања, треба да консумирате сирење со помалку натриум и масти.rn

Кои се придобивките од секојдневното консумирање сирење?

rnАко јадете само 30 грама сирење, можете да добиете до 10 грама протеини и повеќе, но повеќето сирења содржат помеѓу пет и седум грама протеини по порција. За споредба, едно јајце има шест грама протеини, па со додавање на сирење во вашиот оброк, можете да го зголемите дневниот внес на млечни протеини. Протеинот е важен затоа што ќе ве држи сити подолго за разлика од оброкот кој не содржи протеини. Протеините се важни и за стабилизирање на нивото на шеќер и за градење и одржување на мускулното ткиво. Дневната препорака за внес на протеини е 0,8 грама на килограм. Затоа, ако човек има 70 килограми, треба да јаде 56 грама протеини секој ден.rnrnЕдно парче сирење има од 150 до 300 милиграми калциум, а на повеќето луѓе им требаат околу 700 до 1.200 милиграми дневно за одржување на здравјето на коските.rnrnПреку сирењето внесувате и важни витамини и хранливи материи, како што се витамин А, К, Д, Б12 и цинк. Сирењето содржи доволна количина на витамин А, кој не само што е важен за здравјето на очите, туку содржи и антиоксиданси. Покрај тоа, сирењето содржи добри количини на витамин Б12, клучна хранлива материја за функционирањето на нервниот систем.rnrnИсто како јогуртот и другата ферментирана храна, сирењето содржи и пробиотици кои го одржуваат здравјето на цревата.rn

Кои се негативните страни на секојдневното консумирање сирење?

rnПарче сирење може да има до 450 милиграми натриум. Според нутриционистите, возрасните треба да го ограничат внесот на натриум на помалку од 2.300 милиграми дневно, што е околу една кафена лажичка сол.rnrnАко сакате да уживате во сирењето и да се придржувате до исхрана со малку натриум, најдобро е да ги прочитате етикетите на сирењата. Ова ќе ви даде информации за тоа кои сирења можете да ги јадете и во колкави количини.rnrnАко јадете повеќе од 30 грама сирење, ќе го зголемите и нивото на заситени масти, па затоа е важно да размислите за количината. Исхраната богата со заситени масти е поврзана со срцеви заболувања, па затоа препораката е да го ограничите дневниот внес на заситени масти на не повеќе од пет до шест проценти од вкупните калории.rn

Дали е лошо да се јаде сирење секој ден?

rnБез разлика кој тип на сирење ќе го изберете, треба да се придржувате до препораката од 30 грама дневно. Не заборавајте дека постојат и други намирници преку кои можете да внесете хранливи материи во организмот. Со други зборови, можете да јадете сирење секој ден, но не со секој оброк.rnrnОткако прочитавте дали е добро секојдневно да консумирате сирење или не, можеби ќе сакате да прочитате и зошто треба почесто да консумирате просо.rnrnИзвор: citymagazine.danas.rs