12 начини да ги разубавите ѕидовите во собата од студентскиот дом

Сподели

Студентите многу добро го знаат овој период од годината, кога конечно завршила напорната и стресна јануарска сесија и конечно можат да земат здив во краткиот период пред почетокот на новиот семестар. И на многумина ви е познато чувството кога седите помеѓу четирите бели ѕидови, обидувајќи се да запаметите најмногу што можете од илјадниците страни распослани по креветот и бирото. Затоа пред да дојде новата напорна сесија, најдете време за да го разубавите катчето во кое поминувате најголем дел од времето. Ова се 12 брзи и лесни совети за декорација на ѕидовите од собата кои ќе ви дадат креативна поддршка.rn

Реклама

1. Декорации од хартија

rnЕден од највообичаените начини да им дадете живост на белите ѕидови во собата, е да ги налепите со привремени хартиени декорации. Тие не одземаат премногу простор, а ви оставаат доста можности да бидете креативни при нивната изработка. На интернет побарајте совршен дизајн кој ќе одговара на естетиката во вашата соба.rn

2. Фотографии

rnИмате безброј фотографии од студентската екскурзија, вашиот омилен семеен одмор или забавната вечер со пријателите, но не знаете што да правите со нив? Купете иглички за облека и една топка предиво и ќе имате креативен начин како секој ден да се присетувате на убавите спомени.rn

3. Светла

rnДали некогаш сте помислиле дека вашата соба може да биде чудесно место за бегство како тие од омилените бајки од детството? Закачете новогодишни светилки на вашите ѕидови и бел проѕирен чаршав над нив, со што ќе направите илузија дека над вас е распослано ноќното небо со ѕвезди.rn

4. Разни форми од огласна табла

rnОвој совет е за студентите кои ѝ придаваат големо значење на организацијата. Купете евтини огласни табли и пресечете ги во различни форми кои ви се допаѓаат. Обесете ги на ѕидовите и на нив закачете распоред за предавањата и вежбите за следната недела.

Популарно

Може ќе ве интересира