rn
5. Постери
rnОвој совет доаѓа од деведесеттите години од минатиот век кога на вашите ѕидови имавте постери од омилените поп ѕвезди. Најдете постери од вашиот омилен бенд, град, филм или моден бренд и залепете ги на ѕидовите од собата. Исто така можете да се јавите дома и да им кажете на вашите родители да ги побараат постерите од омилените поп изведувачи од вашето детство.rn
6. Примероци за бои
rnГи знаете малите парчиња материјал или дрво кои служат како примероци кои ќе ви помогнат да го одберете дезенот и бојата на подот или вашиот нов кауч? Побарајте такви од големите продавници и искористете ја вашата креативност. Ако ѕидовите ги налепите со различни нијанси на сина боја ќе постигнете релаксирачки ефект, а доколку ги наредите сите бои од спектарот, секое утро ќе се будите во добро расположение.rn
7. Зборови од светла
rnВо одреден момент на секого му е потребна мотивација за да истрае. Закачете ги новогодишните светилки над креветот и обликувајте ги во некој инспиративен збор или фраза, кои ќе ви даваат мотивација кога учите до раните утрински часови.rn
8. Сликање на платно
rnСликањето е активност која најмногу ослободува од стресот. Направете пауза од учењето, соберете неколку пријатели и бидете креативни заедно. Набавете платна и бои и насликајте интересни илустрации кои секогаш ќе ве развеселуваат.

