КАФЕ ПАУЗА

Колку врски, скршени срца и неверства има до пронаоѓање на вистинскиот партнер?

Колку врски, скршени срца и неверства има до пронаоѓање на вистинскиот партнер?

Просечната жена има 7 љубовни врски, 4 катастрофални состаноци и 4 врски за една вечер, пред да го запознае вистинскиот маж. Ќе се бакне со 15 мажи, ќе ужива во 2 долги врски и 2 пати ќе страда од скршено срце. Ќе биде заљубена 2 пати, ќе живее со еден бивши партнер и ќе биде еднаш извисена, пред да го запознае мажот од нејзините соништа. За споредба, мажите ќе бидат во просек 2 пати извисени и ќе имаат 6 врски за една вечер, пред да ја запознаат идеалната партнерка.rnrnКолку врски, скршени срца и неверства има до пронаоѓање на вистинскиот партнер?rnrnИстражувањето е спроведено врз 2.000 Британци за потребите на интернационалниот бестселер „Проектот на Роузи“, од авторката Грем Симшон од Велика Британија. Станува збор за потрагата на еден маж, по совршената жена.rn
rn

„Ова е потсетник колку патот до животниот партнер може да биде долг и доста стрмен и тоа е така за повеќето од нас. Сите катастрофални состаноци, лоши врски и чудни забави за една вечер во нас будат чувство како никогаш да нема да ја запознаеме нашата сродна душа“ – вели Грејем.

rnКолку врски, скршени срца и неверства има до пронаоѓање на вистинскиот партнер?
rn

„Но, иако нас сето тоа нè нервира, постои нешто преубаво во тие случајности, сите тие пропасти, лоши почетоци и скршени срца, како и незнаењето кога и како ќе се појави оној вистинскиот или вистинската во вашиот живот. Откако ќе пронајдеме некој со кој сакаме да го поминеме заедно животот, склони сме да гледаме само негативно на целиот тој процес на барање“ – додава таа.

rnКај мажите, оваа работа е малку поразлична. Тие поминуваат во просек низ 6 врски, од кои 2 ќе траат подолго од година дена и ќе имаат повеќе сексуални партнерки, вкупно 10, додека жените во просек имаат по 7 сексуални партнери. Двата пола ќе бидат по еднаш изневерени во животот, а и едните и другите ќе изневерат барем еднаш.rnrnКолку врски, скршени срца и неверства има до пронаоѓање на вистинскиот партнер?rnrn6 од 10 мажи ќе дојдат до точка од животот кога ќе мислат дека никогаш нема да ја пронајдат онаа вистинската. Вкупно 59% од мажите мислат дека нивниот пат до „среќни и весели до крајот на животот“ ќе биде многу тежок. 8 од 10 испитаници рекле дека личноста на нивниот живот ја запознале кога најмалку се надевале, додека ¼ рекле дека никогаш не помислеле дека ќе завршат со тип на личност каква што избрале. Повеќе од половина од испитаните луѓе, го опишале партнерот како спротивност на нив. 94% од жените веруваат во вистинска љубов, во споредба со 88% од мажите.rnrn[message_box title=”Патот до запознавање на вистинскиот партнер (жени:мажи)” color=”yellow”]rnrnБрој на љубовни врски 7:8rnrnКатастрофални состаноци 4:4rnrnСостаноци на „слепо“ 2:3rnrnИзвисени на состанок 1:2rnrnОнлајн-состаноци 2:3rnrnБакнати партнери 15:16rnrnСексуални партнери 7:10rnrnПартнери за една вечер 4:6rnrnЉубовни врски (до 1 година) 3:4rnrnЉубовни врски (над 1 година) 2:2rnrnБрој на партнери со кои живееле заедно 1:1rnrnБрој на партнери во кои биле заљубени 2:2rnrnСкршено срце 2:2rnrnБиле изневерени 1:1rnrnИзневериле 1:1rnrnБрој на врски на далечина 1:1rnrn[/message_box]rn