Компилација за одбележување 50 години од првиот филм за Џејмс Бонд
Компилацијата е создадена за да се одбележат 50 години од излегувањето на првиот филм за агентот Џејмс Бонд. Првиот филм „Dr. No“ својата премиера ја имал на 5 октомври 1962 година, а главната улога ја толкувал Шон Конери. Оттогаш до денеска се снимени 23 продолженија, а честа да го глумат овој лик ја имале 6 актери, Шон Конери, Џорџ Лазенби, Роџер Мур, Тимоти Далтон, Пирс Броснан и Даниел Крег. Последниот филм за тајниот агент „Skyfall“ својата премиера ја имаше на 23 октомври 2012 година во Лондон.Оваа компилација е составена од најдобрите моменти во филмовите за британскиот агент Џејмс Бонд, неговите најдобри цитати, исечоци од главните песни за филмот, неговите прекрасни девојки, исечоци од акциони сцени, неговите моќни автомобили и сѐ друго што го претставува овој легендарен лик.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Otsekogas sum gi sakala filmovite za Dems Bond a za mene nezaboraven e Son Koneri vo taa uloga!