Помалку познати извори на кофеин
Премногу работа и обврски, помалку време за сон и одмор, факт е дека во денешно време на многу луѓе кофеинот е она што им дава сила и истрајност. Тоа не е воопшто лошо, всушност 250 милиграми кофеин дневно, односно два до три филџани кафе, го буди мозокот, го ублажува стресот, ја подобрува концентрацијата и дури може да ви помогне да живеете подолго. Но ако се претвори во зависност и секојдневно се „предозирате“ со кофеин, може да имате несакани последици, како дехидрација, нервоза, проблеми со спиењето и варењето на храната.Доколку пробувате да ја намалите количината на кофеин која ја внесувате, имајте предвид дека оваа состојка не ја содржат само кафето и чајот. Еве некои извори на кофеин за кои можеби не сте биле свесни:
Безкофеинско кафе
Можеби самото име иницира на помислата дека станува збор за кафе кое воопшто не содржи кофеин. Нека не ве лаже името, и популарните „дикаф“ кафиња содржат одредена количина кофеин, само помалку одошто другите кафиња.
Чоколада
Познато е дека кофеинот го има во зрната какао, така што логично е што го има и во чоколадите, но не во големи количини. Колку што е потемна чоколадата, толку повеќе кофеин содржи.
Газирани пијалаци
Знаеме дека газираните сокови кои содржат кола, како популарната Кола-кола, содржат кофеин. Но не само тие, речиси сите газирани напитоци содржат кофеин, без разлика дали станува збор за обични или за диетални сокови. Дури и многу пива како состојка го имаат кофеинот.
Сладолед
Многу компании нудат сладолед со вкус на кафе кој содржи околу 30 до 45 милиграми кофеин во половина филџан, што би било речиси иста количина колку што содржи и една лименка Кока-кола. Како и да е, останатите вкусови на сладолед, како на пример чоколадниот, содржат многу помала количина кофеин.`
Таблети за намалување тежина
И покрај тоа што кофеинот не ја игра најголемата улога во намалувањето тежина, речиси сите таблети за оваа намена содржат многу кофеин. На пример, 1.223 милиграми апчиња од ваков вид се изедначуваат со 12 филџани кафе.
Пилули против болки
Мала количина кофеин помага при главоболка, но преголема количина може да ја создаде. Речиси сите пилули против болки содржат кофеин, а со земање поголема количина од препорачаната добивате контраефект.
Енергетски пијалаци
Сè почесто е производството на новиот тренд енергетска вода. Едно шише содржи речиси исто кофеин колку една шолја кафе. Исто така, енергетските пијалаци, алкохолни или безалкохолни, содржат кофеин. Еден енергетски пијалак е повлечен од продажба откако се открило дека една лименка содржи исто кофеин колку што содржат шест лименки Кока-кола.
Кофеинот исто така го има и во многу освежувачи на здив, семките од сончоглед, како и во инстант овесните снегулки. Покрај во прехрамбените производи, кофеинот многу често е главна состојка на производите за нега и убавина.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.