Каква долна облека сакаат хороскопските знаци?

Сподели

Долната облека е одличен подарок за празници, родендени и слични пригоди. Но, да се погоди нечиј вкус за долна облека може да биде навистина тешко. Затоа прочитајте што велат ѕвездите за изборот на долна облека.

Реклама

rn

Овен

rnОвните најмногу сакаат долна облека во портокалова и црвена боја. Ако сакате да го возбудите мажот овен, облечете долна облека во комбинација од црна и портокалова боја, изработена од свила или сатен. Овните лесно паѓаат на црни подвески и чорапи во комбинација со високи потпетици. На многу овни фетиш им се високите потпетици. За нив важи мотото: „Колку повисоко, толку подобро“. Ремените со ланци и алките на глуждовите ги сметаат за најсекси додатоци.rn

Бик

rnБиковите сакаат сè што е или премногу провокативно или премногу детско. Сакаат долна облека во розова и црна боја. Женските бикови обожаваат високи потпетици изработени од кожа, мрежести чорапи, но и униформи на ученички. Машките бикови ги привлекуваат девојки со тетоважи и пирсови. Некои од припадниците на овој знак уживаат во разни игри кои вклучуваат лисици и околувратници.rn

Близнаци

rnБлизнаците обично имаат своја перверзна страна која подразбира склоност кон најразлична опрема за сексуални игри. Сакаат да играат улоги и обожаваат да носат секси униформи. Женските близнаци често може да ги видите облечени во скапо кимоно или кожен костим во стилот на жената-мачка затоа што ги ценат егзотичните елементи во сексот. Многу внимание посветуваат на шминката која понекогаш вклучува вештачки трепки и долги нокти.rn

Рак

rnЖенските ракови уживаат да носат долги проѕирни ноќници кои се врзуваат. Сакаат да носат долна облека во зелена и црвена боја и го обожаваат сјајот на сатенот кој се прелева како вода на сонце. За особено привлечни ги сметаат долгите нокти лакирани во бисерно бела боја. Жените родени во овој знак често се однесуваат инфантилно, како девојчиња.rn

Лав

rnЛавовите сакаат долна облека со животински принтови. Тие се доста сензуални и исто така сакаат да почувствуваат малку крзно на својата кожа. Ним им е интересен секој костим кој потсетува на (дива) мачка. За лавовите е многу важно на кој начин ги чувствуваат работите, па затоа не е чудно што обожаваат свила, сатен и кадифе. Но, лавовите знаат да бидат и разиграни и да уживаат во долна облека со машнички и чипка.rn

Девица

rnЖенските девици се прилично скромни и преферираат практична долна облека, како и долги памучни ноќници. Сепак, ако се подготвуваат за секси акција, се одлучуваат за корсети кои ги затегнуваат околу половината колку што е можно повеќе. Долната облека во комбинација со бела кошула секогаш е нивниот прв избор за во кревет. Удобноста им е најважна, а таква е и долната облека која ја носат.rn

Вага

rnСо вагите владее Венера, па затоа припадничките на овој знак секогаш ја одбираат најлудата и најсекси долна облека. Најчесто, нивната долна облека е во розова, жолта и сина боја, но понекогаш знаат да се одлучат и за златната боја. Освен тоа, сакаат и чевли на платформа, мрежести чорапи и провидна долна облека. Чипката е нивниот заштитен знак.rn

Скорпија

rnСкорпиите по природа се многу секси. Нивната долна облека најчесто е во виолетова и црна боја. Нивниот фетиш е опремата која подразбира алки, ланци и најразлични материјали за врзување. Долгите ракавици и високите чизми изработени од кожа ги сметаат за многу секси. Припадничките на овој знак не се плашат да експериментираат со перики, вештачки трепки и впечатлива шминка.rn

Стрелец

rnЖенските стрелци сакаат да играат разни улоги и се чувствуваат многу секси кога носат костими. Ја обожаваат сензуалноста на корсетите, но и сексапилноста на долната облека со патенти за полесно соблекување. Сакаат плишани ткаенини, како кадифе, а не можат да им одолеат и на машничките. Стрелците често знаат да облечат долна облека со животински принт или крзно. Нивната долна облека е во виолетова, црвена и зелена боја.rn

Јарец

rnЈарците се доста чувствителни и сметаат дека памукот е најсекси ткаенина. За јарците е многу секси висококвалитетна памучна ноќница со многу врвки. Ги возбудува облека со азиски и индиски елементи и сјајни украси. Припадничките на овој знак знаат да облечат чевли на платформа и мрежести чорапи. Нивната омилена долна облека е изработена од сатен во розова, сина или жолта боја.rn

Водолија

rnВодолиите се познати како визионери кои обожаваат тесна долна облека, изработена од футуристички и сјаен материјал (пластика, полиестер и ликра) со патенти. Нивната долна облека е во светло црвена или темно виолетова боја. Омилени додатоци им се перјата, маските и свилените ленти и шалови. Ги возбудуваат кожни чизми во викторијански стил и најлонски чорапи.rn

Риби

rnСексуалната страна на рибите не е особено дива. Рибите уживаат во памучни ноќници со розови и сини ленти, како и ноќници од ликра со цветен дезен. Обожаваат високи потпетици, посебно ако се сатенски. Жена облечена во машка долна облека или во преголема машка маица за спиење е привлечна за припадниците на овој знак. Најлонските чорапи кај жените и краватите кај мажите се парчиња на кои рибите не можат да им одолеат.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

Популарно

Може ќе ве интересира