Филм: Лудо вљубени (Like Crazy)

Филм: Лудо вљубени (Like Crazy)

Филм за препреките кои мора да се совладуваат во една врска на далечина

Филм: Лудо вљубени (Like Crazy)Режија: Дрејк Доремус

Улоги: Антон Елчин, Фелисити Џонс, Џенифер Лоренс, Чарли Бјули

Времетраење: 90 минути

Јазик: англиски

Премиера: 27 јануари 2012

Жанр: романса, драма

Наша оценка: 10/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (34 гласа, просек: 9,26 од 10)
Loading...


Ова е романтичен филм, но не е исполнет со патетика. Многу е поразличен од стандардните холивудски романси поради неговиот неконвенционален пристап во прикажувањето на љубовните проблеми и одбивањето компромис со публиката која е жедна за среќни краеви кои недостасуваат во реалниот живот. „Лудо вљубени“ е филм кој што детално се занимава со проблемите кои стојат пред секоја врска, а особено оние кои се одржуваат на далечина.

Овој филм раскажува извонредна топла приказна за првата голема љубов на двајца студенти која поради бирократски проблем ќе биде ставена на сериозен тест. Лудо вљубените Ана и Џејкоб ќе бидат принудени да ја одржуваат својата врска на далечина додека се трудат да најдат начин повторно да бидат заедно.

Филмот собра еден куп награди, меѓу кои најзначајна е онаа за најдобар филм на филмскиот фестивал Санденс, каде што и Фелисити Џонс беше наградена за најдобра актерка. Интересно е тоа што приказната е инпсирирана од вистински настани кои му се случиле на режисерот Дрејк Доремус. И тој морал да бара начин како да ја одржува романсата со неговата девојка – Австријка (денес негова сопруга) додека траела нејзината борба за дозвола за престој.



Приказна: Ана е Англичанка која студира во Лос Анџелес. На тамошниот универзитет ќе го запознае Џејкоб, американски студент. Веднаш ќе се вљубат еден во друг и ќе започнат страсна врска исполнета со многу романтика и нежност. За жал, се ближи нивното дипломирање, по што истекува визата за престој на Ана во САД. Таа ќе мора да се врати во Лондон за да извади нова виза, правејќи ја евентуалната привремена разделба непријатна тема за разговор меѓу нив двајцата. Тоа Ана ќе го реши на неконвенционален и наивен начин – ќе реши да остане и покрај тоа што визата ѝ е истечена. Џејкоб ќе биде воодушевен. Тие двајцата заедно ќе го поминат летото од соништата, по што Ана на кратко ќе се врати во Лондон. Ќе се обиде да се врати во Лос Анџелес како турист, но граничната служба ќе забележи дека еднаш веќе ја пречекорила визата, па ќе ја врати во Лондон и ќе ѝ изрече забрана за влегување во Америка.Филм: Лудо вљубени (Like Crazy)Филм: Лудо вљубени (Like Crazy)Филм: Лудо вљубени (Like Crazy)Со тоа започнуваат и големите проблеми за големата љубов меѓу нив двајца. Единствен начин да се гледаат се повремените летови на Џејкоб до Лондон, но тој мора постојано да се враќа во Лос Анџелес каде што во меѓувреме започнал успешен бизнис како дизајнер на мебел. Семејството на Ана веќе има ангажирано адвокат за да се симне забраната за влез во Америка, но и покрај тоа романтичните мигови за време на неговите кратки посети ќе бидат оптоварени со потребата од решение за нивниот проблем и одржувањето на врската на далечина. Додека копнежот кон другиот станува сè поголем, во нивните одвоени животи ќе почнат да се појавуваат и други луѓе (Чарли Бјули е преубавата Џенифер Лоренс). Тогаш се поставува прашањето дали нивната страсна врска е доволно силна да ги издржи сите препреки кои им ги наметнува далечината.Филм: Лудо вљубени (Like Crazy)Филм: Лудо вљубени (Like Crazy)Филм: Лудо вљубени (Like Crazy)Глума: Глумата, едноставно, е брилијантна. Фасцинира фактот дека режисерот им дал само насоки на своите двајца главни актери, а тие целосно ги импровизираат своите дијалози. Со тоа филмот добива еден посебен шарм кој го немаат дури ни најпопуларните холивудски романтични филмови. Тоа им дава поголема доза реалност на случувањата: вие самите ќе ја почувствувате нивната љубов и болката заради разделеноста, исто како да сте таму покрај нив и ги набљудувате.Филм: Лудо вљубени (Like Crazy)Филм: Лудо вљубени (Like Crazy)Филм: Лудо вљубени (Like Crazy)Филм: Лудо вљубени (Like Crazy)Кога и како да го гледате: Би било убаво никој да не ве вознемирува додека го гледате филмот за да можете целосно да го доживеете силниот емоционален набој кој го создава приказната. Добра опција е и гледањето во друштво на најблиските пријатели, затоа што откако ќе заврши филмот ќе ви отвори љубовни теми за разговор.Филм: Лудо вљубени (Like Crazy)Филм: Лудо вљубени (Like Crazy)


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар