Задевањето, заплашувањето и заканувањето отсекогаш постоеле во училишните ходници и помеѓу училишните клупи. Денес само добиваат нови форми, благодарение на технологијата.Силеџија е краток анимиран филм на македонски јазик кој опишува една типична ситуација во која можат да се најдат младите – љубовен триаголник, појава на љубомора, задевање и заплашување и лоши последици од сето тоа.
rnrn
Онлајн насилството, наречено сајбернасилство се случува кога децата и тинејџерите, користејќи интернет, мобилни телефони или други технолошки уреди, објавуваат навредливи информации во вид на текст, слики или други видови содржини, со намера да повредат или посрамотат друга личност.
Со други зборови, сајбернасилство е кога некој те измачува, вознемирува, понижува или на друг начин те „става на тапет“, преку интернет или преку мобилен телефон.
rnФилмот е изработен од страна на фондацијата за интернет и општество Метаморфозис, а достапен е и на други јазици, меѓу кои и на англиски.rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

