Еван Робертсон е графички дизајнер од Њујорк кој читајќи ги славните автори како Едгар Алан По, Ернест Хемингвеј и Оскар Вајлд ги подвлекувал, како што тој ги нарекува, скапоцените камчиња од реченици. Потоа ја ставил во погон својата креативност и од нив ги создал овие извонредни црно-бели илустрации.
Реклама
„Станав луд со долги интервали на ужасна нормалност.“ – Едгар Алан По
Во врска со процесот на создавање на неговите дела тој вели:rnrn
„Ги подвлеков кратките извадоци од четивата од моите омилени автори и оставив на зборовите да ме однесат до илустрациите. Илустрациите се претопуваат со цитатите и се надевам дека придонесуваат за привлекувањето на окото и на умот кон нив“.
rn„Слушај… има извонредно добар универзум веднаш до нас. Ајде да одиме!“ – Е.Е. Камингс
„Нема бегање од дивиот коњ во нас.“ – Вирџинија Вулф„Сите вистини чекаат секаде околу нас.“ – Волт Витман„Пишувај пијан, коригирај трезен.“ – Ернест Хемингвеј„Во 3 часот секогаш е или предоцна или прерано за што и да сакаш да правиш.“ – Жан-Пол Сартр„Јас сум половина агонија, половина надеж.“ – Џејн Остин„Идејата која не е опасна не вреди воопшто да се нарекува идеја.“ – Оскар Вајлд„Цивилизацијата започнала со дестилација.“ – Вилијам Фокнер„Се осмелувам ли да го вознемирам универзумот?“ – Т.С. Елиот
„Тоа место го нема на ниедна мапа. Вистинските места најчесто ги нема.“ – Херман Мелвил