Човечки тела совршено претопени во природата
Калифорнискиот фотограф Џин Пол Бордијер комбинира уметничка изведба, цртање на телото и прекрасни пејзажи, за да ги креира овие фантастични фотографии во кои луѓето се преплетуваат во природата.Артистот решил да користи само фотоапарат со филм, без да се служи со дигитална манипулација, што им дава на овие фотографии дополнителен традиционален шмек и безвременост.Во неговите фотографии проткајува остро чувство за симетрија во комбинирањето на облиците и одбирањето на совршената комбинација од бои. Пресликувајќи ги пејзажите, човечките тела ја комплетираат секоја сцена со вистинската визуелна комбинација.
Во врска со својата работа тој вели: „Наместо фотографијата да претставува снимка од средбата помеѓу настанот и фотографот, таа треба да претставува настан сама по себе. Долго подготвувана и исполнета со неочекувани моменти. Спокојна манифестација на средбата помеѓу пустинската светлина, човековата светлина и окото на камерата.“
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.