Иако малкумина сакаат да зборуваат за тоа, различните видови фобии и анксиозност се доста сериозен проблем кој често се игнорира како да не постои. Словенската модна дизајнерка Петра Швајгер постапува спротивно од тоа. Кога еден од нејзините професори побарал од студентите креативно да се изразат за нешто кое е поврзано со нивната психа, таа се одлучила да направи гифови кои ги отсликуваат нејзините четири фобии. Тие покажуваат колку фобиите се смешни и колку немаат рационална основа. Авторката тоа го сфатила особено откако ги ставила на хартија преку овој проект.rnrn
rn
Таласофобија – страв од море
rnПетра не знае кога точно почнала да страда од таласофобијата.rnrn
„Го сакав морето и сакав да пливам и да нуркам, но сега имам проблем да влезам во вода. Стравот почна да се појавува бавно сè додека не почнав да паничам секој пат кога ќе одев да пливам“, вели таа.
rnТаа понатаму објаснува дека таласофобијата не е баш страв од морето, туку страв од брановите, од нивната голема моќ и од оддалеченоста од копното.rnrn
rn
Никтофобија – страв од темница
rnИако никтофобијата е почеста кај децата, има и многу возрасни кои страдаат од неа. Таа придонесува за страв од темнината и одбивање да се излегува надвор навечер, правејќи многу проблеми во одвивањето на нормалниот живот. Швајгер многу добро се сеќава дека ја стекнала фобијата кога нејзин соученик на училиште прашал дали постојат духови.rnrn
„Наставничката рече дека постојат. И не само тоа, туку рече и дека можат да ни ги читаат мислите и нè набљудуваат додека спиеме. Паметам како отидов да си легнам таа вечер и како мојата фантазија ме полуде. Тоа беше првата од многуте ноќи во кои не можев да спиијам мирно и иако сега знам дека таа измислувала, стравот и тие чувства сè уште се присутни кога го гасам светлото.“
rnrn
rn
Синофобија – страв од кучиња
rnПетра не ги сака големите кучиња. Нејзиниот страв доаѓа од денот кога била нападната од кучето на сосетката.rnrn
„Таа имаше многу големо куче. Мислам дека беше доберман или данска дога. Тогаш имав само шест години и не паметам добро. Се сеќавам дека еден ден се враќав дома, кучето се испушти, скокна врз мене, ме собори на земјата и ми ’ржеше во лицето сè додека татко ми не го оттргна.“
rnrn
rn
Социјална анксиозност
rnСоцијалната анксиозност е сериозно нарушување кое може да го наруши секојдневниот живот на оној кој страда од неа. Оние кои имаат проблем со неа имаат страв од осуда, многу се срамежливи, се изолираат, одбегнуваат комуникација со колеги и пријатели, многу тешко запознаваат нови луѓе и партнери итн. Кај Швајгер тоа почнало со малтретирањето на училиште од страна на врсниците.rnrn
„Отсекогаш многу се трудев да се вклопам, но имаше некои кои постојано ме буткаа надолу. Тие направија да се почувствувам несигурна во себе. Мислев дека кога ќе одам во средно училиште ќе почнам од почеток и сето тоа ќе заврши, но не беше така и мојот страв од запознавање нови луѓе стана уште поголем“, вели Петра.
rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.