Одењето по мраз не е лесно за никого, но со помош на некои правила и трикови, сепак можете да ги намалите шансите за паѓање. Паѓањето на мраз може да биде многу опасно и може да резултира со повреди во грбот, скршеници, па и потрес на мозокот, а последиците може да се особено опасни за постарите лица кои имаат покревки коски. За да ја совладате техниката на одење по мраз и да избегнете сериозни последици од паѓање, придржувајте се до овие 5 правила.
rn
1. Ослободете ги рацете
rnДодека одите не треба да ги држите рацете во џеб, и во никој случај не носете торби во нив. На тој начин доколку евентуално паднете, нема да можете да се потпрете на рацете.rn
2. Чекорете малку пошироко
rnЗа да бидете постабилни препорачливо е да одите малку пошироко. Широкиот од е постабилен, а доколку имате и некое додатно помагало како стап или чадор ќе ја намалите можноста за паѓање.rn
3. Пробајте го трикот со исечени чорапи
rnЗа внимателен и лесен од се советува да го направите следново: земете пар погруби чорапи, исечете им ги прстите, а потоа навлечете ги врз чевлите. На тој начин при одењето предниот дел се фиксира на подлогата и така се спречува паѓање. Оваа тактика претежно ја применуваат постари лица, но може да им биде корисна и на помладите, посебно за вечерни излегувања. Навлечете црна чорапа врз вашите чизми и така нема многу да се забележува, а трикот ќе ве поштеди од незгоден пад.rn
4. Одете наведнати кон напред
rnЗа дополнително да се заштитите од паѓање при одењето, би било добро телото да го наведнете малку нанапред. Тој оди е сличен на одот на пингвините, при кој силата на гравитацијата поминува низ предниот дел на нозете и на тој начин сме повешти на мразот.rn
5. Избегнувајте спортска облека и рамни чевли
rnПри излегување на заледена површина треба да имате на ум дека спортската облека и чизмите со мазен ѓон не се идеален избор. Погрубите ѓонови и зимските чизми во комбинација со останатите совети можат да ви го олеснат одржувањето рамнотежа по замрзнатите патишта.

