„Златни рат“ – најубавата плажа во Хрватска
„Златни рат“ е една од најспектакуларните плажи во Хрватска. Оваа плажа со ситен златен песок е долга околу 530 метри, а интересно за неа е тоа што зависно од ветрот и морските струи го менува својот облик и својата позиција. Оваа плажа е опкружена со прекрасна борова шума и кристално сино море.
Таа се наоѓа јужно на хрватскиот остров Брач, во близина на Бол и со текот на годините постанала едно од омилените туристички места во целиот регион. „Златниот рог“ нуди голем број водени спортови, како скијање на вода, нуркање, возење на банана, како и летање со падобран.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.