Превитканиот мост во Сараево

Сподели

„Festina Lente“ е мост во Сараево, чиј дизајн е дело на тројцата босански дизајнери Аднан Алагиќ, Бојан Канлиќ и Амила Хрустиќ. Тој се наоѓа веднаш пред академијата за ликовни уметности, а триото поранешни студенти, дизајнот за мостот го имаат смислено пред пет години. Откако со проектот победиле на натпревар, започнала изградбата на овој иновативен мост на реката Миљачка.Мостот е долг 38 метри, а на него има две локации за седење на местото каде што се превиткувањата. За дополнителен естетски шарм, додадени се многу ЛЕД светилки по краевите на мостот.rn
rn

Поминувањето преку мостот е уникатно доживување, поради специфичноста на градбата и глетките пред нашите очи со кои се соочуваме кога поминуваме низ портата (превитканиот дел), подготвувајќи се себеси да влеземе во поинаква димензија и да ја разбудиме спиритуалноста – велат дизајнерите за мостот.

Реклама

rn


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

Популарно

Може ќе ве интересира