Постигнете баланс во врската

Постигнете баланс во врската

Секој човек знае да оди во крајности, да претерува и да избувнува. За да успее една љубовна врска, неопходно е почитувањето и попуштањето, но пред сè балансирањето на работите.

Луѓето се различни, а разликите најчесто се привлекуваат. Не ги разбира вашите постапки, не ги разбирате неговите/нејзините одлуки. Во врската разликите не треба да ви претставуваат пречка, туку предност. Разликите меѓу вас се совршен баланс.

Постигнете баланс во врската

Тоа е кога едниот е избувлив, а другиот смирен. Едниот е тивок, а другиот гласен, кога вашиот партнер е отворен, а вас ви треба повеќе време за да се ослободите, и уште многу слични примери. Еве како да го пронајдете совршениот баланс во врската:

Разберете ги разликите – сфатете дека не сте исти и дека размислувате на различни начини, пробајте да го разберете партнерот и неговите постапки.

Почитувајте ги одлуките – дури и ако некогаш навистина не можете да ги разберете неговите/нејзините одлуки, поддржете го/ја и покажете почитување. Така и вие ќе добиете поддршка за некоја ваша луда идеја, па полесно ќе пребродите ако на крајот излезе вистински хаос.

Допрете до него/неа – јасно дајте му/ù до знаење дека колку и на моменти разликите меѓу вас да ве нервираат, вие сепак сте среќни што тие постојат. Нагласете дека учите многу од него/неа и дека тој/таа совршено ги надополнува вашите слабости.

Станете поблиски – застанете на иста фреквенција и знајте си ги своите пречки и слабости. Нека се истакне оној кој во нештото е подобар. Отстапете во ситуации кога знаете дека тој/таа ќе го изведе нештото подобро од вас, бидејќи она што вас ви е слабост, на вашиот партнер му е предност.

Секогаш разликите меѓу вас сметајте ги за предност – така ќе учите повеќе еден од друг. На пример, тој ќе научи како да стане повеќе одговорен, а таа како да има повеќе самодоверба. Партнерите кои вистински се љубат, совршено се надополнуваат и ги пополнуваат празнините, а не ги сметаат разликите за пречка.

Врските постојат за луѓето да си се надополнуваат и да функционираат подобро како целина. Разликите постојат, но секогаш барајте го оној чии разлики можете да ги поднесете. Во ред е да имате по некој поинаков став, спротивности во мислењата и различни одлуки. Но никогаш не би успеале да избалансирате огромни разлики и целосно спротивни гледишта и цели во животот.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар