КАФЕ ПАУЗА

Девојки, останете сингл додека не запознаете вакво момче!

Останете сингл додека не го запознаете она момче што ќе ви ја отвори секоја врата за да можете да минете низ неа, она што ќе се погрижи да се движите од внатрешната страна на тротоарот, наместо покрај улицата, како и она што секогаш без срам ќе ве држи за рака и ќе ве бакнува во јавност.rnrndevojki-bidete-singl-dodeka-ne-zapoznaete-vakvo-momche-www.kafepauza.mkrnrnОстанете сингл додека не го запознаете она момче што сака да ве одведе дома кај родителите, чии пријатели веќе чуле сè за вас дури и пред да ве видат, како и она што ќе дојде секогаш кога ќе имате потреба од него. Ова момче ќе ви вели „Пиши кога ќе стигнеш безбедно дома“ и нема да заспиете дур не ја добие таа порака.rnrnОстанете сингл додека не го запознаете момчето што гордо ќе ве претставува на сите познаници, што нема да се обидува да ве промени, ќе ве сака онакви какви што навистина се и што секогаш ќе ви одговара на пораките, дури и кога не му поставувате прашања. Ова момче едноставно нема време за игри и секогаш е брутално искрено.rnrnОстанете сингл додека не го запознаете она момче што ќе ве држи блиску до себе и ќе ве бакнува во чело, она момче што ќе ве почитува и ќе ви дава поддршка за сите идеи и мисли, без разлика колку „лудо“ ќе му звучат. Момчето треба да стои на својот збор и да се извинува секогаш кога ќе направи некоја грешка.rnrnОстанете сингл додека не го запознаете момчето што без причина ќе ви купува цвеќиња, она што ќе ви испраќа слатки пораки и од работа, особено кога знае дека сте под стрес, како и она што сака да бидете подобра личност и постојано ќе ве мотивира да излегувате од својата удобна зона, бркајќи ги соништата.rnrnОстанете сингл додека не запознаете момче што ќе се погрижи никогаш да не се сомневате во неговите чувства, момче што е сигурно во себе и во својата кариера и има иднина од која сака вие да бидете дел. Ова момче вели „Те сакам“ бидејќи навистина сака да го знаете тоа и никогаш не престанува да се обидува да ве задржи крај себе.rnrnОстанете сингл додека не го запознаете она момче што прави да се чувствувате поубаво со самото стоење покрај него, она што ви предизвикува пеперутки во стомакот со самото влегување во просторијата. Останете сингл додека не го запознаете она момче без кое нема да сакате да живеете, бидејќи неговото присуство ќе го збогатува вашиот живот!rnrnПрочитајте и зошто е убаво да бидете сингл додека студирате.