Што сакаат девојките во врската?

Што сакаат девојките во врската?

Признаваме дека сме многу комплицирани и нашиот начин на дејствување не е ни најмалку едноставен. Она што го сакаат девојките, за мажите може да биде вистинска мистерија. Но, доколку се грижите за вашата девојка, ќе се потрудите да ѝ го обезбедите следново во вашата врска:

Сигурност и заштита – Девојките сакаат да се чувствуваат сигурно и безбедно. Нема девојка која не сака силен човек покрај неа, кој ќе ја штити од секој кој може да ѝ нанесе болка. Штом девојката ќе ја најде својата заштита во вашата прегратка, бидете сигурни дека ќе ја добиете нејзината љубов.

Разбирање – Дури и да не можете да го разберете нејзиното однесување, трудете се да сфатите како се чувствува. Секогаш нека знае дека ја разбирате и ги почитувате нејзините одлуки. Начинот на кој размислуваат мажите и жените е сосема различен, но луѓето во врска наместо да избувнуваат за секоја ситница, треба да имаат разбирање.

Што сакаат девојките во врската

Телесна поврзаност – Можеби најважно е да се разбирате и да имате заеднички ставови и многу теми на разговор, но важноста на телесната поврзаност не треба да се потцени. Дел од секоја здрава и успешна врска е добриот секс. Можеби девојките не размислуваат на оваа тема онолку колку што тоа го прават мажите, но не можат да одречат дека им е потребен добар сексуален живот.

Одговорност – Незрел и неодговорен дечко кој сè сфаќа на шега, може да е интересен само на почетокот. Девојките сакаат одговорни личности кои се грижливи, вложуваат во иднината и ги исполнуваат своите обврски. Тоа им влева чувство на сигурност и безбедност. Никој не сака покрај себе нестабилен човек на кој не може да се потпре кога има проблем.

Поддршка – И кога навидум нешто изгледа како навистина луда идеја, поддржете ја! Верувајте, таа секогаш би ве поддржала вас, па вратете ѝ со иста мера. Поддржете ја во остварување на своите соништа, не ја враќајте назад и не ѝ ја одземајте надежта за успех. Па нели и вие сакате вашата девојка да биде успешна и силна личност?

Рамо за плачење – Не сме толку големи плачки колку што вие мислите, но кога ќе се разнежниме сакаме да бидете покрај нас. Бидете ѝ рамо за плачење на вашата љубена, нека осети дека колку и да е лош денот, на крајот од бурното попладне може да се врати кај вас и да најде мир и нега.

Мажественост – Бидете џентлмени, со секој ваш гест истакнете ја машкоста. Верувајте, тоа може да направи девојката да полуди по вас. Обрнете внимание на ситниците како: отворање врата, дозволување да седне прва, злобен поглед упатен кон момчето од спротивната страна кој чудно ја гледа…

Внимание за важните датуми – Никогаш не го заборавајте денот кога сте ја запознале, кога сте ја бакнале за првпат, вашата годишнина и слични важни датуми. Сте слушнале за начинот на кој може жената да ве натера никогаш да не ја заборавите вашата годишнина? Само пробајте да ја заборавите еднаш. 🙂

Смисла за хумор – Човек кој знае да ја насмее и во најтмурните мигови е она што секоја девојка го посакува. Оној кој ѝ носи насмевка на лицето има голема шанса да биде човекот на нејзиниот живот.

Почит – Почит кон нејзините желби и кон нејзините права како жена. Почит кон нејзините соништа и благодарност за она што го вложува во врската. Исто така, бидете свесни дека колку и да ве сака, ќе се откаже од вас доколку немате почит кон нејзиното семејство и најблиските.

Доверба и слобода – Добри се оние знаци дека се грижите за неа и ја сакате за себе, но претераната љубомора нема да ве однесе никаде. Со обид да ѝ ја скратите слободата ќе направите само лошо за вашата врска. Довербата треба да е обострана. Влевајте ѝ доверба и почувствувајте ја истата и од нејзина страна.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

  1. Waldorf Reply

    Убаво и многу точно.
    Посакувам сите да можеа да разберат…

Остави коментар