Многумина сметаат дека кофеинот е безболен начин да се внесе дополнителна енергија во организмот за да се завршат секојдневните обврски. За жал, доколку тоа излезе од контрола може да дојде до зависност од кофеин. Ако се прашувате дали спаѓате во групата на зависници, следните седум знаци ќе ви го дадат одговорот.
rn
1. Чувствувате дека ви фали нешто додека не внесете кофеин
rnЗависниците од кофеин сметаат дека тој им е неопходен за добро да функционираат и чувствуваат дека им фали сè додека не го внесат во организмот. Брзаат да се напијат кафе или енергетски пијалак пред да ги стигне вознемиреноста или главоболката, иако реално нема причина за тоа да се случи.rnrn
2. Кофеинот ви дава сила
rnКофеинот можеби ви дава чувство дека со него сте посилни, поконцентрирани и поенергични. Ако верувате дека без кофеин вашите перформанси ќе се намалат, веројатно станува збор за зависност.rnrn
3. Ви помага да го намалите апетитот
rnЗависниците често го злоупотребуваат кофеинот за да го намалат апетитот, да добијат чувство на ситост, па дури и да прескокнат цели оброци.rnrn
4. Верувате дека ви помага да се расположите
rnАко сте зависни од кофеинот ќе имате илузија дека тоа ви помага да се расположите, па дури и подобро и поквалитетно да разговарате. Тоа ќе ве натера да се напиете кафе секогаш кога ќе почувствувате дека треба да го унапредите вашиот социјален живот.
rn
5. Верувате дека ви ги зголемува физичките способности
rnСметате дека кофеинот ќе ви помогне да вежбате подобро и подолго и ќе ги подигне вашите атлетски перформанси.rnrn
6. Верувате дека ги намалува физичките способности и ве прави немирни
rnЗависноста од кофеин нема секогаш позитивни индикации. Понекогаш зависниците сметаат дека една шолја кафе или друг напиток во одредена ситуација ќе им ги намали физичките можности или ќе ги вознемири.rnrn
7. Не ви дава да заспиете
rnВистина е дека кофеинот може да ви помогне да се расоните и да ве спречи да заспиете, но тоа нема еднаков ефект на сечиј организам. Кога тоа нема ефект на организмот на зависникот, а тој сè уште верува во тоа, многу е веројатно дека се работи за некој кому кофеинот му станал навика.rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
