Јагуар „гризе“ со нов фантастичен дизајн

Сподели

Најновиот концепт на Јагуар е инспириран од моделот E-type од шеесеттите и седумдесеттите години на минатиот век, но и покрај тоа, плени со својот современ стил и извонредна аеродинамика спакувани во овој фантастичен дизајн.„Jaguar XKX“ е дел од новата генерација електрични автомобили која се карактеризира со извонредна енергетска ефикасност. Каросеријата е покриена со слој од брановидни материјали кои под притисок, предизвикан од движењето, создаваат електрична енергија која ја полни батеријата.Интересен новитет се и страничните ретровизори, кои се собираат кон автомобилот додека тој не работи и повторно се отвораат кога возилото ќе се стави во погон, што покрај естетскиот ефект ги штити огледалата од оштетување.Овој фантастичен концепт е дело на соработката помеѓу дизајнерското студио Skyrill и дизајнерот Марин Мифтиу.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

Популарно

Може ќе ве интересира