Овен и девица - пријателска комбинација

Овен и девица – пријателска комбинација

Пријателството помеѓу овен и девица е голем предизвик и бара вложување голем труд и трпение од двете страни. Но, на крајот би требало секој од нив да биде задоволен и среќен. Девицата нема да му ги кажува на овенот оние нешта кои тој сака да ги слушне. Токму напротив, таа ќе му направи искрена анализа на предностите и слабостите на неговиот карактер. Како благодарност за неговата искреност, овенот ќе ѝ помогне на девицата да си го зајакне својата самодоверба, така што ќе ја научи како да се штити од луѓе кои ѝ шират негативна енергија.Овен и девица - пријателска комбинацијаСправувањето со вечната загриженост и напнатост на девицата е навистина многу напорно за овенот, но тој треба да е свесен дека и девицата треба да се справи со неговиот краток фитиљ. Како и да е, со тек на време овие пријатели ќе се навикнат на нивните карактерни мани и ќе ги прифатат.

Ова пријателство најверојатно започнало како резултат на иницијативноста на овенот. Овој знак обожава предизвик, па најверојатно ја почувствувал воздржаноста во карактерот на девицата и си зацртал цел дека треба да го освои нејзиното другарство. Ако успее во тоа, овенот ќе се чувствува како победник. Што се однесува до девицата, точно е дека таа е воздржана и внимателно ги бира луѓето со кои се дружи. Причината поради која таа би го прифатила овенот во нејзиниот круг на пријатели е едноставна: неговиот топол ентузијазам. Овој пријател е секогаш расположен да ја гушне, бакне или да ѝ даде некаков комплимент на девицата. Овенот од друга страна ѝ се восхитува на трудољубивоста и посветеноста кои ги поседува девицата.

Помеѓу нив ќе има и компликации. Така на пример на девицата нема да ѝ се допаѓа тоа што овенот себеси се наметнува во секоја ситуација, додека пак овенот не може да ја сфати причината за константната нервоза кај девицата. Исто така, овенот го нервира тоа што девицата е толку голема пицајзла на која ѝ смета доколку нему кошулата не му е идеално испеглана или не му е шишката добро зачешлана. Како и да е, овие двајца многу ќе се забавуваат додека ги прават нивните омилени активности заедно. Тие би уживале играјќи кошарка, ракомет, учествувајќи во волонтерски активности, изработувајќи  дрвени предмети и друго.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар