Претходно
10 здрави оброци за повеќе енергија и помалку килограми
Датум: 05 апр 2012
Коментари: 0
Следните 10 оброци, според нутриционистите, можат да придонесат за значително намалување на прекумерната телесна тежина, бидејќи заситуваат и содржат прилично малку калории. Едноставни се за подготовка, вкусно звучат и докрај ќе ги наполнат вашите батерии.
- Овесна каша со боровинки, мед и ореви. Одлична порција нискокалоричен појадок.
- Мусли со свежо исцеден овошен сок или со млеко (по избор). Се разбира, само една полна чинија. 🙂
- Сварени овесни зрна (може и други видови зрна) со кисело млеко или со овошни плодови и една до две супени лажички ленено масло.
- Овошна салата – портокал, јаболко, круша, банана, сето тоа ситно исецкано и прелиено со свежо исцеден сок од лимон.
- Сендвич – диетален леб со семки, варено пилешко месо, малку безмасно тврдо сирење и зелена салата.
- Урда со сушени плодови (Особено се корисни урмите. Земете два до три плода, исечете ги на мали парчиња и смешајте ги со урдата).
- Омлет со билки и свеж зеленчук. За оброкот да биде комплетен, доволни се 2-3 јајца и вашиот омилен зеленчук.
- Кисело млеко со банана, јаболко и корнфлекс (потребни се: половина банана исечена на парчиња, половина ситно исецкано јаболко и 2-3 супени лажици корнфлекс).
- Каша од хељда со млеко (јадење кое е многу богато со железо)
- Салата од авокадо, 2 јајца и рендано сирење. Сечете и декорирајте по желба.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.