Познавањето на формата на вашето тело е олеснителна околност при држење диета, дефинирање режим на физички вежби, како и одбирање на вистинското парче облека.rnrnПостојат четири основни форми на женско тело, и тоа: јаболко, круша, песочен часовник и банана, а истите овие може да ги сретнете и под различни називи. Би било грубо и неправилно да дефинираме идеална форма на женско тело, бидејќи секоја форма е убава и привлечна. Многу е поважно вашето движење и став, како и правилното одбирање на облеката, а не килограмите кои ги имате.rnrn
rnrn
1. Јаболко
rnКарактеристики:rn
- rn011
- Рамена пошироки од колковите
- Бујни гради
- Заоблен стомак
- Недефинирана половина
- Тесни колкови
- Најчесто имаат слаби нозе
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rnСличен термин за оваа форма на тело е превртен триаголник.rnrnЗагрозени области – Масните наслаги брзо се наталожуваат на стомакот.rnrnКако да се облекувате – Предности на оваа форма се големите гради и слабите нозе, па нагласете ги нив прикривајќи го стомакот. Не одбирајте тесни струкирани фустани кои ја истакнуваат половината, подобро одберете деколтирани долги фустани, или кратки здолништа кои ќе ги истакнат нозете.rnrnФизичка активност: пешачење, пливање, стомачни вежби, возење велосипедrnrnПознати жени со форма на јаболко: Опра Винфри, Џејд Џегер, Дру Баримор…rnrn
rnrn
2. Круша
rnКарактеристики:rn
- rn011
- Колковите се пошироки од рамената
- Мали гради
- Тесна половина
- Рамен стомак
- Широки колкови
- Нагласени бутини и задник
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rnСличен термин за оваа градба на тело е триаголник.rnrnЗагрозени области – Колковите се израз на женственост, но исто така се слабост на жените со ваква форма на тело. Тие без проблем ќе ја зачуваат тесната половина или рамниот стомак, но мастите лесно се таложат на задникот и бутовите.rnrnКако да се облекувате – Поради тенката половина и женствените колкови, овие жени и девојки се заводливи и привлечни. Со ваква форма на тело не нагласувајте ги градите, одберете тесен фустан кој ќе ги истакне вашата половина и задникот. Здолништата со висок струк се вистински пријатели на овие жени.rnrnФизичка активност: пешачење, велосипедизам, џогирање, какви било вежби за оформување на задникотrnrnПознати жени со форма на круша: Шакира, Бијонсе, Џенифер Лопез…rnrn
rnrn
3. Песочен часовник
rnКарактеристики:rn
- rn011
- Колковите и рамената се со речиси иста ширина
- Големи гради
- Тенка половина
- Оформен задник
- Заводливи облини
- Тенденција кон дебелеење на рацете
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rnЗагрозени области – Оваа форма е женствена бидејќи ги истакнува женските адути, но затоа многу лесно може да се појави прекумерна телесна тежина. Девојките и жените со ваква форма на тело мора да внимаваат на исхраната и да практикуваат физичка активност за да ја задржат привлечната фигура.rnrnКако да се облекувате – Добредојдено е сè што ќе ги истакне вашите гради и колкови, но не и двете истовремено за да не изгледате вулгарно. Одберете здолниште со нагласена линија по вашата половина и колкови, маици со деколте во „V“, пантолони со висок струк… Носете тесна облека, бидејќи со широки парчиња може визуелно да си додадете некој килограм поради формата на вашето тело. Сепак, внимавајте облеката да не е претесна. Можеби е подобро да одберете еден број поголем од оној кој ве собира, со цел правилно да ја истакнете вашата фигура без да бидете нападни.rnrnФизичка активност: вежби со женски тегови, велосипедизам, џогирањеrnrnПознати жени со форма на песочен часовник: Ким Кардашијан, Скарлет Јохансон, Селма Хаек…rnrn
rn
4. Банана
rnКарактеристики:rn
- rn011
- Исти пропорции на рамена и колкови
- Недефинирана половина
- Атлетска градба
- Мали гради
- Рамен стомак
- Слаби нозе
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rnСлични термини за оваа градба на тело се правоаголник или молив.rnrnЗагрозени области – Ова се слаби жени со брз метаболизам кои немаат тенденција кон дебелеење. Но доколку „качат“ некое кило, тие подеднакво ќе се здебелат и во горниот и во долниот дел на телото.rnrnКако да се облекувате – Всушност немате делови за прикривање, туку делови кои не се доволно нагласени. Одберете фустан со нагласени рамена, широк во делот на колковите, и ремен или појас на половина.rnrnФизичка активност: вежби со тегови, лента за трчање, и какви било физички вежби придружени со исхрана која содржи многу протеини бидејќи најчесто имаат слаба мускулна масаrnrnПознати жени со форма на банана: Камерон Дијаз, Натали Портман, Ева Лонгорија…rnrn
rnrnСепак, не би можеле строго да ги поделиме женските тела во четири групи. Затоа, не секогаш жените со форма на јаболко имаат слаби нозе, туку колкови потесни од рамената, не секогаш оние со форма на круша имаат мали гради, но пропорционално колковите им се многу пошироки, а „бананите“ не секогаш се високи и атлетски градени, но имаат приближно еднакви пропорции на горниот и долниот дел од телото.rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
