Факти за животот на Мерлин Монро кои не сте ги знаеле
1. За нејзиниот, за жал, многу краток животен век, Мерлин Монро сменила многу имиња. Крстена е како Норма Џин Бејкер, но во нејзиниот извод стоело името Норма Џин Мортенсон. Подоцна, кога се омажила за Џејмс Доерти, станала г-ѓа Норма Џин Доерти. Иако за јавноста станала позната како Мерлин Монро, уште во 1946 година, таа не го сменила нејзиното име и на хартија сѐ до 1956 година. Подоцна, кога му станала жена на Артур Милер, сакала да ја нарекуваат Мерлин Монро Милер, па така во тој период доста популарни станале нејзините иницијали М.М.М.
2. Во декември, 1953 година се појавила на насловната страница на првиот број на Плејбој. Во магазинот имало и друга фотографија од Мерлин, на која таа била гола, за што ѝ биле исплатени 50 долари. Инаку после нејзината смрт, Хју Хефнер, креаторот на овој магазин, платил 85.654 американски долари за да резервира гробница веднаш до нејзината.
3. Првиот чекор кон популарноста го направила кога се фотографирала за Дејвид Коновер во 1944 година, кој фотографирал убави девојки што позирале за поддршка на воените напори во тој период. Во тоа време Мерлин работела во фабрика за муниција, но добро се вклопила во работата како фотомодел. За оваа нејзина прва работа како модел, била платена 5 долари.
4. Иако се смета дека во текот на својата актерска кариера снимила точно 30 филмови, сепак никогаш не го завршила нејзиниот последен филм „Something’s Got to Give“. Била отпуштена поради тоа што летото пред нејзината смрт не се појавувала на снимањата, а најголемата иронија е што режисерите всушност повторно ја ангажирале само неколку дена пред да ја пронајдат мртва во нејзиниот дом.
5. Мерлин никогаш не го запознала нејзиниот вистински татко.
6. Депресијата очигледно била наследна во нејзиното семејство – вујкото и дедото на Мерлин исто така извршиле самоубиство.
7. Првпат се омажила на 16 години за веќе споменатиот Џејмс Доерти, со цел да го избегне постојаното селење од еден дом за сирачиња во друг. Се развеле по нецели 4 години брак. Таа никогаш не успеала да заврши средно училиште.
8. Параноично се плашела за убавината на нејзината кожа, поради што го миела лицето и по 15 пати на ден.
9. Фустанот кој го носела за популарниот настап на роденденот на претседателот Кенеди бил толку тесен, што морал да се шие на неа. Мерлин не носела ништо под фустанот. Подоцна во 1999 година бил продаден на аукција за 1,26 милиони долари и станал најскапото продадено парче облека дотогаш.
10. Кога Принцот Рение III од Монако барал жена, Монро била дел од потенцијалните избранички. На крајот Принцот ја избрал Грејс Кели.
11. Според Норман Мејлер, човекот кој ја пишувал биографијата за Мерлин, ѕвездата имала најмалку 12 абортуси до 29-тата година. Но не постојат медицински документи кои би го потврдиле тоа.
12. Во добро познатиот филм од 1959 година, „Some Like it Hot“, Мерлин дури 47 пати ја повторила сцената за да ја каже реченицата „It’s me, sugar“ правилно. Постојано ја грешела фразата со „Sugar, It’s me“ и „It’s Sugar, me“, па на крајот режисерот морал да ѝ ја запише на табла.
13. Ги кратела потпетиците од нејзините чевли за да го доведе до совршенство начинот на кој одела. Подоцна елегантното и провокативно движење на колковите станало нејзин заштитен знак.
14. Иако за многумина била само убаво лице, таа била и умствено богата. Поседувала преку 200 книги, ги читала Толстој и Витман, често го слушала Бетовен и одела на часови по литература.
15. Мерлин имала мал ритуал при капење. Нејзиниот масер честопати ѝ подготвувал када со мраз, во која таа секогаш додавала неколку капки Шанел 5, нејзиниот омилен парфем.
16. Повеќето луѓе сметале дека Мерлин имала облини, но реално таа била прилично ситна и добро градена жена. Тежела 52 кг, а била висока 165 см. Нејзината тежина варирала, но нејзините пропорции најчесто биле 91-60-86 или 96-58-91 за гради-струк-бутини, што се речиси идеални пропорции за кои повеќето жени можат само да сонуваат.
17. Френк Синатра ѝ подарил бела француска пудла која ја нарекле Маф. За многумина тоа е уште еден показател кој го поврзува Синатра со мафијата.
18. Монро ја има на американска поштенска марка од 1995 година.
19. Првиот пат кога давала автограм како Мерлин Монро, не знаела да си го спелува името.
20. Пробала 9 различни нијанси на руса коса. На крајот се решила за нејзината легендарна платинеста боја. Инаку, кога не работела, преферирала на себе да носи само бањарка, а понекогаш и бикини.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.