Љубовта е…
Автор: Бојана Мандевска
„Таа љубов, така силна и треперлива, така нежна и така очајна.
Таа љубов, убава како ден и грозна како време.
Таа љубов, толку вистинска,
Таа љубов, толку прекрасна,
Толку среќна и весела,
Таа љубов толку очајна…“
– Жак Превер
Љубов, ах таа љубов, вечна загатка и неисцрпна инспирација. Најголем човечки двигател. Не постои мотив кој создава повозвишени чувства и предизвикува помрачни дејства во истовреме. За љубовта се војувало и се војува. За неа се урива и се создава. За љубовта се пее и се твори. За неа се пишувало, се пишува и таа засекогаш ќе остане најголема муза.
Многумина се обидувале да ја објаснат, дефинираат, но секогаш постои некој дополнителен збор, реченица која се надоврзува и прави оваа тема да остане недообјаснета, недокажана. Или како што рекол Елин Пелин „ сè што ќе се каже за љубовта, сè е вистина“.
Еве неколку мисли за тоа што е љубовта и какви чувства таа предизвикува:
„Љубовта е страст.“ – Мохамед Бенс
„Во љубовта сè е ризик“. – Гете
„За љубовта најопасното нешто се отсуствата.“ – Бранислав Нушиќ
„Ако имаш љубов немаш потреба од ништо друго. Ако пак немаш, не е особено важно што друго имаш.“ – Џејмс Бари
„Во љубовта и во поезијата сè е речено, а сепак сè треба допрва да се рече.“ – Блаже Конески
„Ако ме терате да кажам зошто сум ја сакал, не можам да кажам ништо повеќе од тоа дека ТАА беше ТАА, а ЈАС бев ЈАС.“ – Монтењ
„Тој човек што го сакаш во мене природно е подобар од мене, јас не сум таков. Но, ти сакај ме, а јас ќе се потрудам да станам подобар од себе.“ – Михаил Прашвин
„Љубовта започнува со насмевки, расте со бакнежи и завршува со солзи.“ – непознат автор
„Да сакаш значи да ја откриеш сопствената среќа во среќата на другиот.“ – Лубниц
„Љубовта е кога една душа населува две тела.“ – Аристотел
„Љубовта е дете на восхитот и мајка на разочарувањето.“ – Мигел де Унамуно
„Знаеш дека е љубов кога не можеш да заспиеш бидејќи реалноста е многу поубава од сонот“. – непознат автор
„Љубовта која се потхранува со подароци е вечно гладна.“ – Англиска поговорка
„Љубовта е момент кој трае вечно.“ – Џули Вити
„Почетоците на љубовта најчесто се застрашувачки, а крајот вообичаено е тажен, но сè што се случува измеѓу, го прави животот вреден.“ – непознат автор
„Вљубеност е кога таа заспива на вашите раце, а се буди во вашите сни.“ – непознат автор
„Љубовта е радост за добрите, чудо за мудрите и восхит за боговите.“ – Платон
„Тоа што е недостижно за најголемиот ум, а е достапно за најмалото срце се вика ЉУБОВ.“ – Балзак
„Ја добиваме љубовта како дар, но љубовта е нежно растение. Не можеш само да го земеш и да го ставиш на врвот од некој шкаф со мисла дека тоа ќе цвета самото. Треба да го полеваш, да се грижиш за него, да го одгледуваш.“ – Џон Ленон
„Сексот ја убива напнатоста, љубовта ја создава.“ – Вуди Ален
„Кај мажите желбата раѓа љубов, а кај жените љубовта раѓа желба.“ – Џонатан Свифт
„Да сакаш некого значи да видиш чудо кое е невидливо за другите. Начинот да засакаш нешто е да си замислиш дека тоа можеш и да го загубиш.“ – Честертон
„Ако сакаме некого вистински, тогаш единственото нешто што ѝ го посакуваме на таа личност е да биде среќна, дури и ако ние не сме дел од таа среќа.“ – непознат автор
„Допирот на љубовта ги претвора луѓето во поети.“ – непознат автор
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
ova e marioj di leva za tebe